Ако веќе не пуштаме албуми преку јутуб или од ХДД (независно дали на ТВ или компјутер), треба да ги држиме во рака. 
Мислам, делува лицемерно јас, како проповедник на физички медиуми за музичка репродукција, да те убедувам да останеш на она што го имаш.
Но постои простор за комбинација од двете, особено ако не си во можност целата музика која ја сакаш да ја добиеш на физички медиум (не постои/не се произведува/прескапа е итн).
Идејата за Roon е headless PC во комбинација со таблет со нормална големина како интерфејс. Како што реков, на ниет сум да пробам. Ако ги задоволи барем некои од зададените параметри, добредојдени сте на посета (сите што сакате) да видите како тоа функционира...
...секако ќе го пуштиме и грамофонот.