I na tie kje ti turat 18% ddv. Kako sakas reci ne poebaa posteno, za sitni pari inspektro da izigravas. I shto erna smetka 10 dusi akk skeniraat?
Многу е едноставна целата таа процедура. Кога десеттиот ја скенира фискалната, во базата, таканаречена „Фискалните го возвраќаат ударот“, почнува да светка едно црвено ламбиче, не скроз црвено, мава и некоја виолетова нијанса. Точно 11 секунди после трепкањето се појавува и звук, да не речам мелодија, инструментална верзија на „What time is it“ од Spin Doctors. Се мобилизираат сите вработени, внимателно одбрани, поминати низ сите штабски филтри што се вели и свикуваат итен состанок.
На состанокот се донесува одлука да се отклучи „Тајната книга“ која е заклучена во трезор. Шифрата на бравата на трезорот е „interneteksplorer1234“ со мали букви, споено. Во неа под реден број 1, со големи букви е напишано „ТЕЛЕФОНИРАЈТЕ МУ НА НЕКОЈ ОД НАШИТЕ, АМА ШТО ИМА ЗАВРШЕНО НАЈМАЛКУ СРЕДНО УГОСТИТЕЛСКО“.
После кратко време настапува забуна, додека се пронајди таква личност, која заради недостаток на кадар е вработена во „Контрола на лерање“ на аеродром. Му титкаат на мобилен, да не го вознемируваат, слујачно да не е зафатен со приземјување на некој авион.
Но затоа што овај е со специфично училиште, има ингеренции и можи слободно да се јави, независно од ситуацијата на аеродром.
Се јавува и прво им вика на сите дека се неспособни и после им го дава бројот од „Техничка поддршка“, а само тој смее да го одобри јавувањето на тој број и постои протокол, прво ѕвониш два пати, се уклучва автомат и стискаш двојка и од таму ти ја пуштаат „Лав из ин ди ер“ затоа што сите оператори се зафатени, и чекаш додека не се расонат од дремката.
Се јавува операторот на кој му паднал бројот 31 кога се броеле кој да одговори. Операторот им кажува дека тука кај нив не покажува никаков проблем, сигурно проблемот е кај нив во базата и ќе прати екипа.
И така поминува денот во исчекување на екипа, но екипата не се појавува.
Следниот ден доаѓа екипа која им кажува дека треба да го побараат Пеце Дигитроно, фриленсер од Логоварди, Битолско, пошто тој го правел софтверот.
Му ѕвонат на Пеце и пеце со насмевка им одговара:
- Дечки, дај бе не драпајте мадиња, кога сензорот ќе забележи огромна тишина подолго од 5 часа, се уклучува ламбичето и музиката за да ве разбуди, случајно ептен да не ги надмините работните часови, казниво е по закон.
Овие насмеано и олеснително му одговараат:
- Абе ние си помисливме дека иста фискална сметка е скенирана по десетти пат.
- Не бе дечки, уживајте, му ставив едно џиџе на софтверот што ептен лесно препознава скенирана фискална, па не можи уште еднаш или поќе пати да се скенира, оти ногу пари за враќање ќе се напраат така, на народов му текнува, има такви здружение ќе оформат за 10 пати скенирање на сметките...
И така, „времето е пари“ и ја пресмета сметката заедно сосе датата.
УЈП при креирање на самиот проект обрна посебно внимание да нема манипулации. Не можеме да гарантираме доколку фискалната сметка граѓаните ја предадат или ја остават и не го искористат своето право. Имаше прашања што доколку при издавање на фискалните сметки келнерот претходно ја скенира, начинот на разрешување е исто како да добиете невалидна сметка со повеќе искуцани артикли. Значи треба да се скенира сметката. Доколку видите дека вашата сметка е искористена, треба да побарате сторнирање на сметката и издавање на нова – изјави Ивана Дончевска од УЈП