Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 2385636 пати)

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6615 на: 24 Јуни 2019, 10:24:32 am »
Дечки некој од вас или ваш близок да патува за Германија деновиве?

Заборавив едни документи па да ми се донесат. Ќе си платам за услугата.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6616 на: 24 Јуни 2019, 11:01:57 am »
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6617 на: 24 Јуни 2019, 11:50:37 am »
Бара претплата, јбг, ако моеш пиши у кратки црти.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6618 на: 24 Јуни 2019, 12:38:00 pm »
Бара претплата, јбг, ако моеш пиши у кратки црти.


Ќе го направам ПеДеФе... Не сакам да пишувам во кратки црти, затоа што секој слободен човек треба да си прави сопствени заклучоци за светската багра.


https://1drv.ms/b/s!AsAPEdIUFoRghIQsrtGxuKtYNvzyEA


Уште поинтересно е што ниеден од македонските “новинари“ нема да се нафати да го преведе и објави.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6619 на: 24 Јуни 2019, 15:53:30 pm »
Ај додека сум расположен да пљукам по системов наш....


Што е пва со средношколциве, сите биле "скроз" одлични... мајката, од 300 души немало ни еден со една 4ка? Бреееее генијалци децава, алал вера ! Па ние да сме ти биле најпаметна нација со најмногу дебили на м2.


Алооо... абе ставете секоја година тие што се скроз одлични на крај на година да полагаат било кој тест по било кој предмет, ако има преголеми отстапувања да се ревидира се уназад. Па да видиш како следната година ќе бидат сите со по една 4ка....

Све да им ... неписмено, успеаа све да сјебат и образование и се друго што функционираше.. Уназад 28 години се да се терало со врски со мерење чив е поголем.... и на крај дојдовме до тоа сите да имаат големи... ами сега шчо праиме?

Арно сме ние живи што полагавме приемен и за средно и за факултет, и не бевме ни одлични, а не па "скроз" па се запишувавме кај што сакавме без врски.... ова се пореметено.

На тие со постари деца ова им е може познато али мене не ми се веруваше кога слушнав дека у Орце примале 250 души, а се пријавиле 275 "скроз" одлични па не можеле да ги одбијат.

А тие со 2 четворки што да праат, да се затворат дома и да лупаат глава и ѕид?
Тие што не се одлични да идат одма у манастир следните 12 години, а тие со 3ки колективно да рипаат од камени мост?

Моја чудесна земја Македонија (Јужна, Северна, Социјалистичка, Бивша...)

Јас се судрив деновиве со тој проблем. Мене никој во мое време не ми фаќаше врски за подобри отценки, па ни јас на моите деца не им го правев истото... Колку учеле, толку да си добијат, дури и стално го нагласував истото на сите наставници, да не ги зголемуваат отценките, без оглед накој колкава и каква услуга (читај сервис на било кој од моите сегменти на професионално поле) сум направил, бидејки не сметам дека треба да се обезличува и уништува карактерот и способностите на детето и да се учи дека на тацна ќе добие се што треба, бара и сака, без да се потруди и/или вложи енергија за да добие...
Дојде момент да се покаам за тоа, ама само на кратко, бидејки, како што гЛуевски еднаш кажа, вистината е како шило, ќе копа, буши, врти, ама ќе излезе на виделина... Во орце николов, примале 275 деца, се запишале 311 со просек 5.0 од 5-то до 9-то одд и сите ги примиле... Во Јосип Броз, слична ситуација, примаат 250, се запишале сите со 5.0... Корчагин исто, останати неколку места во ГУЦ, е тука веќе, влегле со по некоја 4-ка... Моето дете, со просек 4.83, (тоа значи вкупно три 4-ки од 5-то до 9-то), просек исклучиво заслужен со личен труд, едвај се запиша и тоа на НАСОЧЕНО ОБРАЗОВАНИЕ, со полагање приемен испит, не гимназија... Што мислите, зашто се тепаат за во гимназија сите? Затоа што ако направат приемен испит како што треба, половина нема да се запишат заради поклонетите 5-ки, кои не ретко и 1 треба да се... Во Орце најавија приемен ТЕСТ, на што повеќе од половина родители се побунија, не било фер... Пази да не... Не дека не е фер, туку се усраа дека ќе излезе незнаењето на децата... Се испосраа дека ќе се открие целата фама на поклонување 5-ки... Па ако е заслужена, нека се деси тестот, детето знае се нели? Зашто е страшен тестот ако детето знае за 5-ка? Затоа што не знае ни за 3-ка, затоа...
Што е со шилото на гЛуевски? Еве што е: во Орце и ЈБТ, за периодот од 2-ри до 4-ти септември, уште од сега им најавија писмени по 5 предмети на материјалите од основно.. Да, за оние материјали и предмети за кои што сите имаат чисти и неприкосновени 5-ки... Е, какви консеквенци ќе има потоа незнам, АМА ЌЕ ИМА, зашто тие писмени тестови, ќе ја прикажат реалната состојба со знаењето на децата, значи каква казна ќе биде, тоа незнам, ама знам дека наредбата е од министерството... Ќе се чешлаат сега наставниците еден по еден, сите оние што ределе чисти 5-ки... Ќе има ревизија, и богами треба да има...

Јас лично сум ПРОТИВ екстерното тестирање, бидејки е нон сенс, да правиш тест на деца и наставници, а притоа тестот да го водат самите наставници... Две деца имам, и двете правеле екстерни и двете истото го кажуваат, дека на самиот тест, наставниците им ги цитирале одговорите, за да, нели, си го покријат газот... Меѓутоа, за ПРИЕМЕН ИСПИТ потпишувам со две раце, бидејки сосема други наставници ќе го водат тестирањето, за материјал кој што некој друг го предал и отценил дека треба 5-ка да биде, зашто нели, детето научило од А до Ш баш се, затоа и добило 5-ка.. Е па ај на приемен, да те видиме... Така, к оние што имаат по некоја 4-ка или 3-ка, ќе имаат шанси да идат понатаму со образование кое ги интересира, наместо џаболебојадци да им ги држат местата.. Наместо деца разгалени, размазени и деца.што добивале незаслужено високи отценки (благодарение на глупите им родители што си ги прават паразити), ќе учат деца што ги интересира... А овие првите, ионака во животот ќр им даваат се на тацна, без оглед кај ќе се запишат и што ќе завршат.. Пу јаз'к на државата, системот, вмро, сдсм, глујо, зајко и сите што до фотеља стигаат на истиот начин како и петкашите незаслужени.. Проблрмот е што точно такви петкаши државата ни ја водат сега, па еве, глејте каде сме, а тек каде идеме (подлабоко во гомната, секој ден)...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7231
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6620 на: 24 Јуни 2019, 16:06:29 pm »
Се убаво си кажа @Onak, него мене едно не ми е јасно од погоре прочитаното "останато уште некое место во ГУЦ за тие што не се со сите петки" !!!! Ало бре, па где ја живим, на Кембриџу? Све отишло и ....

А кај да се запишат ти што се со 4ки и 3ки ?  Во Бујановац ќе ги пратат или у Ќустендил да учат, пошто у државава за нив нема место!

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44369
  • Il Moderatore
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6621 на: 24 Јуни 2019, 16:09:45 pm »
Нема со 4-ки и 3-ки. Све сами одликаши.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6622 на: 24 Јуни 2019, 16:36:56 pm »
Се убаво си кажа @onak, него мене едно не ми е јасно од погоре прочитаното "останато уште некое место во ГУЦ за тие што не се со сите петки" !!!! Ало бре, па где ја живим, на Кембриџу? Све отишло и ....

А кај да се запишат ти што се со 4ки и 3ки ?  Во Бујановац ќе ги пратат или у Ќустендил да учат, пошто у државава за нив нема место!
Планот на министерството за образование, одсекогаш бил со лимитирање на "убавите" школи, за да се запише по некој и на насочено образование. Проблемот е што повеќето (не сите, ама скоро сите) насочени средни училишта се со 3 години учење,  и имаат ЛЕГАЛНО ИМЕ кое што е многу "страшно", а тоа е НЕПОТПОЛНО ОБРАЗОВАНИЕ... Па така, со завршени 3 години средно образование, тука завршуваш со можностите да се надградува детето... Со 3 години средно, неможе на факултет, мора со 4 да биде за на или нема запишување на факс. Автоматски, секое дете што неможе да ги има сите 5-ки од основно, е " осудено" на пропаст... Тоа е главното мнение на 99% од родителите и затоа и ова се случува денес... Јас не ја пљукам желбата на родителите, децата да им се успешни во животот и да имаат и обезбедат шанси за просперитет, но тоа е мноооогу грешен начин, да стискаш со врски да имаат од прва до последна се чисти 5-ки... Прабиот начин е да го насочиш да си ги заслужи тие отценки, а богами ТОА БАРА СЕРИОЗЕН ТРУД И АНГАЖМАН НА ДВАЈЦАТА РОДИТЕЛИ... Сепак, повеќето одбираат нај лесниот начин, а тоа се врски, со пари, со поклони, со услуги или едноставно и уште полошо, во министерство имаат луѓе, кои мафтаат со прсти по наставниците дека тие и тие деца, мора да имаат одличен успех, па што сака нека биде... Ни самите не се свесни кои битанги и паразити си ги прават децата... Не се свесни дека еден убаб сончев ден, нивното дете ќе нема на кого да се потпре више, дека сите "бонуси за услуги" се потрошени и ќе мора да направи самото нешто или ќе умира за леб, ама ќе се фали дека сите му биле 5-ки и 10-ки во животот... Веќе има такви случаеви кај нас, и ќе ги има се повеќе... И треба да ги има, за да може овие што вложиле сериозен ЛИЧЕН ТРУД да испливаат и нив сонце да ги огрее... Капитализмот не познава пријатели... Во приватниот капиталистички систем, не го интересира чив син/ќерка си ти, туку колку знаеш да го сработиш она за кое си вработен... Пријателството на родителот со работодавачот, ќе ти даде шанса да бидеш одбран при конкурсот, ама не и да лежиш и зимаш плата. После 2-3 изгубени работни места, стануваш отпадник, и никој те нејќе, бидејки нема позитивен фидбек во портфолиото твое за работно искуство.. Така да: Прц милојко... ;)
« Последно менување: 24 Јуни 2019, 16:45:40 pm onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6623 на: 24 Јуни 2019, 16:45:51 pm »

........во Орце и ЈБТ, за периодот од 2-ри до 4-ти септември, уште од сега им најавија писмени по 5 предмети на материјалите од основно.. Да, за оние материјали и предмети за кои што сите имаат чисти и неприкосновени 5-ки... Е, какви консеквенци ќе има потоа незнам, АМА ЌЕ ИМА, зашто тие писмени тестови, ќе ја прикажат реалната состојба со знаењето на децата, значи каква казна ќе биде, тоа незнам, ама знам дека наредбата е од министерството... Ќе се чешлаат сега наставниците еден по еден, сите оние што ределе чисти 5-ки... Ќе има ревизија, и богами треба да има...

Се ти е на место друже Оанче ама тоа дека ќе има ревизија во МОН или (надвор од темава) во било која друга институција во Македонија мало морген. Можеби после едно 20 години ќе почнат работите да се менуваат.....можеби.

Кога сме кај МОН   https://www.facebook.com/petar.atanasov.790/posts/10213338681796726

Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6624 на: 24 Јуни 2019, 17:59:47 pm »
Никој не сака да засука ракави и да си ги извалка рацете.
А тој што е спремен на таков чекор, сопки.

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5315
  • Пиши лаже
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6625 на: 24 Јуни 2019, 18:50:33 pm »
Да пишам тука... Ке се мести деновиве бојлер на соларно, па ме интересира дали има некој искуство со нив. Поточно ми треба информација, дали оние апаратчињата што пишуваат температура и слично, односно контролерот има мака од влага, бидејќи сакам да го ставам внатре во ВЦ то. Не најдов информација по интернет ниту во упатството.
Се работи за овој модел поточно:


Благодарам, поздрав.
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6626 на: 24 Јуни 2019, 20:29:01 pm »
ne sekogas ocenkata ja pisuva soodveten profesor.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6627 на: 24 Јуни 2019, 20:54:42 pm »
ne sekogas ocenkata ja pisuva soodveten profesor.

Така е. Понекогаш ја пишува и несоодветен професор. А некогаш и некој учител пишува оценка. Чат-пат и библиотекарката што дополнува фонд часови.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2617
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6628 на: 25 Јуни 2019, 08:44:55 am »
На Куманово каде е добро горивото?
Макпетрол или Шел мислам имаше?

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Лукоил и Макпетрол
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2617
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6629 на: 25 Јуни 2019, 08:59:21 am »
Дојдоа родителите на децата да протестираат пред Влада за да нема приемен за во средно школо, е до тоа дереџе стигнавме....јас би вовел екстерно со два задолжителни предмети, историја и македонски јазик и литература, покрај другото.....најмизерни ми беа студентите кога протестираа 2015 година (ставени во функција на партиските интереси на СДС и СОРОС со Туфтето и Павленцето на чело) против воведување на државен испит на факултетите, од кој бенефит ќе имаа пред се студентите кои стварно учат а воедно ќе беше и одлика на факултетите во нашата држава. Знам дека Албанците во Владата (и надвор од неа) беа против овој проект од едноставна причина. ќе излезеше на виделина штанцањето на дипломи на Штулов, Тетовски, ФОН, Рускиот факс во Свети Николе и куп други продавници за дипломи. Само што нашите студенти се уплашија од плус 2 испити на оние редовни 35 што ги имаат во 4 годишно студирање. Зачудува фактот што за протестот, Туфте и компанија регрутираа најголем број на студенти од УКИМ иако на тие студенти (како и од другите државни што имаат некаков рејтинг) најповеќе ќе им одговараше државниот испит, затоа што „квотите“ ќе мораа да го положат тој испит на крај на 2 година и после пред да дипломираат.....е толку имаме напредни студенти, за еден испит плус излегоа да протестираат а кога се руши државата (име на државата, идентитет, тиранска платформа, невиден непотизам и корупција) никаде ги нема
Претпоставката е мајката на сите заебувања