Ај додека сум расположен да пљукам по системов наш....
Што е пва со средношколциве, сите биле "скроз" одлични... мајката, од 300 души немало ни еден со една 4ка? Бреееее генијалци децава, алал вера ! Па ние да сме ти биле најпаметна нација со најмногу дебили на м2.
Алооо... абе ставете секоја година тие што се скроз одлични на крај на година да полагаат било кој тест по било кој предмет, ако има преголеми отстапувања да се ревидира се уназад. Па да видиш како следната година ќе бидат сите со по една 4ка....
Све да им ... неписмено, успеаа све да сјебат и образование и се друго што функционираше.. Уназад 28 години се да се терало со врски со мерење чив е поголем.... и на крај дојдовме до тоа сите да имаат големи... ами сега шчо праиме?
Арно сме ние живи што полагавме приемен и за средно и за факултет, и не бевме ни одлични, а не па "скроз" па се запишувавме кај што сакавме без врски.... ова се пореметено.
На тие со постари деца ова им е може познато али мене не ми се веруваше кога слушнав дека у Орце примале 250 души, а се пријавиле 275 "скроз" одлични па не можеле да ги одбијат.
А тие со 2 четворки што да праат, да се затворат дома и да лупаат глава и ѕид?
Тие што не се одлични да идат одма у манастир следните 12 години, а тие со 3ки колективно да рипаат од камени мост?
Моја чудесна земја Македонија (Јужна, Северна, Социјалистичка, Бивша...)