Неколку пати го имам одговорено прашањето за половњаците.
Веќе имаме доволно коли за возење и тестирање - некаде меѓу 30 и 40 возила годишно. Да речеме дека тоа му доаѓа околу една кола на 10 дена, па и почесто. Секоја кола треба да се земе, да се вози, да се слика (и некои и да се снимат, во зависност од договорено, ресурси, време, итн), да се напише (и соодветно да се обработат слики, да се измонтира видео), да се подготви објава и да се објави. Сето тоа бара време и пари.
Втора работа - тестирање половњаци не може да биде објективна работа. Еден половњак има една историја, друг половњак има друга. Можеме да земеме две идентични коли со тотално различна историја и едната да биде стакло панчево, другата да биде на минути од преса. Со нови возила имаме објективност - какво што ќе биде тест-возилото, такви ќе бидат сите нови возила. Кај половњаците не е така.
Трета работа - можеме да правиме long term тестови. Можеме да правиме такви работи, ама со половњаци едноставно нити имам време, нити имам желба, нити имам ресурси да се заебавам. Едноставно, не ми се во поле на интерес.