плинче?
https://a1on.mk/archives/977361
ако се запали кола, одма до плинот е констатацијата... во шупа бил праен... нестручно... а 99% ни бојата на колата не ја виделе, ама знаат дека е од плинот... напротив, плинските уреди доаѓаат со толку многу заштита, колку што нема ни за на бензин ни за на дизел, а по ризични се овие две... на пример, плин не се пали на висока температура... а дизелот и бензинот да... да не заборавиме колку возат афтермаркет радија, ксенони, појачала, лед штопови и еден куп глупости... половина и повеќе се со непознато потекло, нарачувани од ибеј, али експес и останати такви СУПЕР ЕВТИНИ избори, каде што податоците за снага и трошење не се баш нај релевантни, а богами многу често гледам и не соодветна димензија на кабли, да не речам претенки се жичките... во мојот животен возачки век, со пројдени неколку милиони километри, до сега неколку пати ми се подзачурувале некои коли, а две ми се имаат запалено... and guess what, ниеднаш не беше од плинот, туку напротив, секогаш беше електричната инсталација... еднаш кабел од радио, еднаш кабел од цд шаржер (ова за запалените возила, со многу огин), двапати од кабел на перка за хладњак, еднаш од алтернатор со упалена клима и еднаш шалтаблата туку така и текна и счуре... сите возила беа на плин...
дали сте приметиле колку запалени и изгорени возила има на една локација во Македонија... збориме за автопатот Скопје-Тетово, во тој правец, на удолницата пред тетовската патарина... и тоа најчесто само во лето... бидејки патувам на таа делница МИНИМУМ двапати неделно, на таа удолница, само прошлово лето имам видено 5-6-тина изгорени возила, и тоа во принцип на средината на удолницата се сите, имаше од нив и дизели не само бензинци, ама начелно впечатливо е што сите беа со малолитражни мотори и дизели и бензинци... магично и/или проклето место? не баш, бидејки има и логично објаснување:
пред таа удолница, автопатот подолг период е нагоре, а вегетацијата некако се ускладила под прав агол на автопатот и скоро никој не ни приметува дека возилото е буквално запнато до даска (малолитражни се нели), бидејки се вози 120 одприлика. моторот е поприлично прегреан, климата фуче пошто е лето и жешко, на педалата за гас си стиснал подоле за да ја одржуваш брзината, ПЕРКАТА ФУЧЕ од ладилникот (и испарувачот за климата) со максимална брина. каблите се доста загреани, и од температурата на моторот и од тоа што перката како ВТОР најголем потрошувач (прв е алансерот) работи без престан цело време... и стигаш на врвот, почнува удолница... сите што се потпалиле тука ја направиле истата грешка, а тоа е го ставиле мењачот во лер, и ја оставаат колата по удолница сама по инерција да се движи, демек да го ОДМОРАТ моторот а и да заштедат некој денар на гориво... што се случува во тој момент? колата работи на просечни 800 обртаи, доста често и помалку заради клима уредот, толку споро што ептен недоволно да ја врти водата од ладилникот во мотор. автоматски, инстант прегрејува целиот мотор (за 10 до 15 секунди максимум) алтернаторот исто така врти многу споро, недоволно да произведе струја за перката, климата, перката од централната вентилација (таканаречено парното) светлата и се останато, на перките делумно им се намалуваат обртаите и почнуват да влечат повеќе струја за да си ја одржи својата брзина, автоматски КАБЛИТЕ ПОЧНУВААТ ПОВЕЌЕ ДА ГРЕАТ, и ако има некаде мал спој, или мал ладен лем т.е. слаб контакт, на тоа место жиците се усвитуваат и воала, ете ти огин... истото може да се случи и со ПЕРКАТА ОД ПАРНОТО како ТРЕТ најголем потрошувач, само во зимо се помали шансите за такво нешто, бидејки сепак, воздухот е драстично поладен... на асвлат и до 60-70 степени разлика има воздухот меѓу зимо и лето...
Затоа, немојте секогаш перо со гаражичето и плинот одма да ги обвинувате. Шансата за пллинскиот уред да се самозапали при редовно и активно користење се помали од шансата мечка со звонче на главата и кловновски шешир, во сред скопје да помине на пешачки...