На крај и тоа сето е само твое мислење, мислење кое за мене лично барем - не го аргументираш многу добро.
Ти лично можеш да сметаш дека поефикасно делување е директното и личното делување внатре од системот. Јас мислам дека грешиш. Не само заради тоа што самиот кажуваш дека од твоето лично делување не си добил резултати. Јас и од сопствено искуство знам дека директно делување внатре од системот овде не функционира, а не функционира затоа што системот не функционира. Системот од друга страна можат да го сменат само луѓето, кои за воопшто да можат (и да сакаат) да го направат тоа - прво треба да бидат свесни за реалноста на проблемот. Но за реалноста на проблемот на жалост мнозинството не се свесни (или не сакаат да бидат свесни).
Никаде не реков дека само делувам или сум делувал институционално и/или внатре во системот.
Само реков
Едноставно одам директно кадешто треба, давам поплаки, критики, официјални барања, и така натаму.
Не сум толку наивен да одам со крстот на чело. Некогаш сигурно сум бил, ама со тек на време ми се здебели вратот.
Еден банален пример е постот на кој реплицирам над твојот, а таквата несвесност (или свесна игнорантност) за суштината на проблемот е одлика на поголемиот број од луѓето. Дека сум во право покажуваат резултатите од сите гласања во оваа држава, после искуствата од првото гласање и однесувањето од клепократите од двата табори кои редовно ни се менуваат на власт. Дека сум во право покажува и тоа како државата постојано оди надолу, сега веќе со забрзување во надолна спирала.
Единствен начин кој носи надеж за било какво подобро утре, е свесност за реалноста и суштината на проблемот. Со тоа и свесност за насоката во која е решението на проблемот. Ете затоа е важно будењето на свесноста кај луѓето (не велам дека мене добро ми оди трудот вложен во таа насока)
Гласањата и резултатите од изборите можат да се интерпретираат и поразлично од “незнаење, неукост, заспиеност, игнорантност“. Има доволно примери дека групите кои се менуваат се уствари криминални групи кои со децении градат паралелен систем на официјалниот од документите и делуваат како едно обично криминално здружение во кое нема никакви правила. Од највисоките редови, па се до еден обичен чистач во едно обично јавно претпријатие/училиште.
Понатаму, не знам дали си свесен дека не е доволно да бидеш во право, затоа што во даден момент во времето, секој еден од нас е во право. Дали во должина од една секунда или од една деценија. Но, во најголем дел од времето тоа е само една лична сатисфакција без некое особено реално значење или учинок.
Трето, нема да има подобро утре. За жал или за среќа.