Ослободување на одредена категорија на граѓани од одредени давачки (не данок), не се двојни аршини. Град Скопје одлучи преку своето Јавно претпријатие „Градски Сообраќај“ да им дозволи на сите пензионери бесплатно возење два дена во неделата. Општина Сарај одлучила преку своето јавно претрпијатие „Комунална хигиена на општина Сарај“ да им дозволи на борците бесплатно собирање на смет. Нема двојни аршини, ама во нашите очи тоа изгледа „неправедно“. Ама не е неправедно. Борците на Чело со Али Ахмети, Фазли Велиу, Гзим Острени и уште ред други, се изборија. Ако не веруваш, види на какви функции се во државава. Да не беа победници, ќе чмаеа по затвори. Не сме се сјебале сега со овозможување некои привилегии за нив, сме се сјебале пред 18 години, кога требаше или да се згазат како тафтабити, или одма да им се дае све што бараат. Кокетирањето тогаш, денес нѝ носи јад во душата и неверување дека се случуваат вакви работи.