@Luki Junior прилично иронично е кога некој постојано те интепретира погрешно (веројатно намерно), и потоа на крај ќе ти каже: „интерпретираш погрешно“.
Јас тебе те разбирам и знам што сакаш да кажеш. Само најчесто не се согласувам со твоите ставови и самопрогласената титула на “просветлен“ најчесто ти пречи во интерпретацијата на размислувањата на другите. Патем, ако погледнеш низ историјата на нашите дискусии, еден од нас нон-стоп извртува. (А то ни сам ја, оооооо... Џуле Ван Гог). А за црно-белата интерпретација (“или си со нас, или си против нас“, “или џа-или-бу“) воопшто и да не коментирам затоа што не знам од каде ти е таа навика да ставаш туѓи зборови во моја уста/мои прсти. Иако реално, не ми смета што дискутираш/разговараш така, затоа што на крај краеви, твоја глава, твој живот, твое гледиште, твое право.
Да резимирам, и ова за мене не е ни извртување, ни додавање, ни одземање, ова е како јас ве доживувам некои од вас овде. Според вас сите најпаметни и најспособни избегаа од државава, остана само баграта. Државава е за никаде, ете мармаладот кажа и дека луѓето се „говна од луѓе“. Се е црно, најцрно.
Никаде не реков најпаметните и најспособните избегале. Да се самоцитирам.
Мнозинството на квалификуван кадар со добри вештини и професионални способности си го кажува своето. Се исселува. Другите нека го дрват до недоглед
[...] знам дека мојата реченица за професионалци и луѓе со вештини ја интерпретираш погрешно[...]
Како што можеш да прочиташ, зборувам за професионалци кои имаат добри вештини. Никаде не реков најспособни и најпаметни. Тврдиш дека ме читаш и разбираш нон-стоп. Освен во дискусии за коли, возење и постови во кои оставам поголем изблик на емоции, дали имаш лично ти од мене прочитано реченици во кои јас користам силни зборови, проткаени со придавки и суперлативи? Еве, наврати се наназад низ постовите и анализирај ги дали ќе најдеш многу придавки и суперлативи... Но, ако пројдеме низ твоите постови и текстови ќе ги најдеме тие стилски елементи. Затоа што сите “просветлени“ зборуваат на тој начин. Со придавки и суперлативи во позитивна и негативна конотација. Можеби ти имаш искрени идеи, можеби си и паметен и супер дечко. Уште повеќе е за почит што пробуваш да се информираш и да проникнеш повеќе во суштината на животот, општествените уредувања, влијанијата на исток-запад, тековите на политичка сила. Ама... се додека зборуваш како “демагог“ со некоја доза на надвишен интелект, во најголем дел од времето ќе имаш проблем со “иронијата на неразбраноста“.
Јас делумно ќе се согласам дека многу што е црно, и дека има и гомна од луѓе (посебно на власт). Но кога за вас овде се е најлошо а таму на западо е се најдобро... Ме интересира што се замарате со Македонија и со македонски форуми? Човек би рекол дека повеќе од времето на нет би сакале да го поминувате на подобри, западни сајтови и форуми? М’хм?
Ниту знаеш кој сум, што работам, а уште помалку каде членувам, дискутирам и/или пишувам. Македонија на мене ми е родната грутка и во неа јас лично имам инвестирано многу време, енергија и пари. Од друга страна, ова е автомобилски форум, кој не би требало да има национални граници и/или национална конотација. Но ете гледаш, сепак не било така. А тоа некој што би рекол, е негова работа. Кој како и на што си го троши времето е исто така лична работа.
пс. Болдираното е црно-белиот став што го посочувам погоре. Ако некогаш сум кажал нешто во позитивно светло за западот е дека бројот на можности за успевање е неограничен. Сѐ друго е мотивација, труд, квалитети, вештини и малку среќа.