Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 2376465 пати)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4815 на: 20 Октомври 2018, 12:37:52 pm »
За обоје е тоа :)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4816 на: 21 Октомври 2018, 16:41:08 pm »
да не му текина некој на спотон на мтв што беше за сида или дрога а во позадина одеше песнава https://www.youtube.com/watch?v=2rALVgdoMHk&fbclid=IwAR0WxOVCB4eoDGn_usJiRszWNHefazjoCjFnvSE9t4rcPms58osIzfsokIs

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4817 на: 21 Октомври 2018, 23:03:03 pm »
...

Значи уште од млади години бил мераклија да биде гласен, бомбастичен и речиси “ист“ како и сите други македонски “политичари“.
Како прво и основно, никогаш возрасен човек кој се себеси смета за посериозен, интелигентен и сериозен не треба да повишува глас/тон/нервоза за да пренесе мислење, идеја, или да сподели вдахновение додека држи говор.
Дечкото без ниту еден лист пред него и дечкото министер за финансии

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4818 на: 22 Октомври 2018, 11:10:50 am »
Колку бурек се изеде за се и сешто, сега кога се прави дефакто и дејуре фарса во највисоките државни органи, кога сТранци ни одлучуваат што и како ќе биде со државата... Сега никој ништо ни да ѕуцне. На Рекла Казала темава се молчи. сдсм-ОВЦИ ќутат, вмро-ОВЦИ, сите заедно солидарно ќутат. Наредена си е работата и со едните и со другите. И рајава ќути небаре не знам што ќе се случи некој ако каже нешто.

Единствено бурек се јаде за Апасиев. Превентивно делување за во случај ако има избори наскоро (а ако не наскоро, за пар години секако ќе мора да има). Демек дечкото бил манипулатор исто како што се манипулатори докажаниве криминалци и клептократи. Затоа не вредело да се гласа алтернативна политичка опција.

Целата логика на која се засноваат чамче муабетиве е следнава: Што да им даваш шанса на нови партии (и тоа само една шанса, после никад да не гласаш за некој што те заебал). Не бе, побоље е повторно и повторно да се гласа за докажани криминалци и клептократи, побоље е да ги мењаш Курто и Мурто. Така ќе се идело напред, со „демократските“ вредости на ЕУ која и најслепите слепци сега гледаат колку самата држи до тие вредности - пропаднат референдум го прогласија како „воља на народот“, а сега се прават слепи за врбување и поткупување на пратеници, отпосле правење правни притисоци на истиве.



Нејсе:  https://www.facebook.com/defensor.plebei/posts/1955462667852395
Цитат
Димитар Апасиев  21 hrs ·

Често добивам пораки у инбокс, од типот: „А ШО БИ НАПРАИЛ ТИ АКО СИ...“?
Епа ај да не одговарам поединечно, еве у кратки црти:

1. Ако сум Џоле Иванов - Претседател на Републиката би напраил следно:
а) Повторно ќе ги активирам аболициите за сите 50 криминалци, со што би ја минирал работата на СЈО [бидејќи и така веќе е очигледно дека е пазарено никој да не лежи, па кад је бал нек је маскенбал];
б) Ќе поднесам контрапредлог на владиниот за промена на Уставот на РМ [со цел одолговлекување на процедурата];
б) Ќе се обратам со жесток говор на пленарна седница во Собранието на РМ [за да остене во стенограмите кој на чија страна бил];
в) Ќе поднесам предлог до Уставниот суд на РМ за да го реши судирот на надлежности [при потпишување на т.н. Преспански договор од страна на министерот-узурпатор]

2. Ако сум Христијан Мицкоски - лидер на најголемата парламентарна опозициска партија:
a) Би повикал на радикализација на ситуацијата и парализа на државата со 200.000 демонстранти пред Собрание;
б) Би го одолговлекувал процесот со процедурални финти и амандмански филибастеринг, до недоглед;
в) Би им дал наредба на сите пратеници да прават невидени скандали на седниците на Собранието (процедурални интервенции, тропање по маси, тавчиња, тенџериња и слични иновативни техники).

3. Ако сум овој анонимусов шо е Јавен обвинител на РМ шо не го знам како се вика:
а) Би отворил итна истрага за поткупт на пратеници и евентуалните закани за да гласаат;
б) Би повел постапка за кривично дело Саботажа против 80те пратеници, бидејќи свесно гласаат против Референдумската одлука од 1991 - што е недозволено во правото и подлежи на кривичен прогон.

4. Ако сум Зоран Заев - Премиер на РМ:
a) Би си дал неотповиклива оставка од функцијата;
б) Би се самоубил!

#ЗаНештатаДаСтанатПојасни

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4819 на: 22 Октомври 2018, 11:17:28 am »
Странци? Па кога сме најолош народ во Европа, очигледно дека треба некој друг да одлучува за нас.
Ако имаш некаква реплика на ова, доволно е само да го видиш Скопје, какво беше пред 20 години, а какво е сега. ГАД ОД НАРОД СМЕ!

А за Апасиев, не се пали ко мало дете, има време да се докаже. Самата помисла на тоа што и како се деси со неколку истакнати членови на Левица кога СДСМ дојде на власт, ме наведува да мислам дека ни тие не се многу поразлични од целиот гамат.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4820 на: 22 Октомври 2018, 11:40:14 am »
Само наивните, и малите деца, веруваат во приказните дека некој друг однадвор се замара да ти направи нешто добро за тебе. Наместо да работи за сопствени интереси, кои немаат врска со твојата добробит. Народот ист како народите насекаде во светот. Мнозинството се или многу глупи, или неуки и целосно неизаинтересирани. На крај на исто се сведува, тие што ги влечат конците одлучуваат за се што е важно, само тоа е некаде помалку а некаде повеќе видливо (овде е апла највидливо).

И да, за тоа другото само ми го потврдуваш погоре кажаното: Левица било која алтернативна опција ќе биде лоша како и сдсм и вмро, затоа ајде повторно и повторно да гласаме за истите клептократи (сдсм и вмро). Провидна демагогија, ама мнозинството ве хипнотизирале да верувате во истата.

Никако да ви текне дека и ако алтернативната опција заебе работа кога ќе дојде на власт, сепак политичката порака е пратена, и дека кога и тие новите клептократи ќе бидат заменети со некоја НОВА алтернативна опција: Тогаш сите што имаат намера од политиката да направат животна кариера, ќе се замислат малку повеќе за последиците од неодржување на ветувањата кон гласачите. Што нели би требало да биде цел од која ќе имаме корист сите ние - гласачите.  :-\

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4821 на: 22 Октомври 2018, 13:24:19 pm »
Има еден куп неопределени гласачи кои со задоволство би го дале гласот за трета опција.
Не мора да формираат влада, доволно е да земат пристоен дел од колачот, и се што следи со тоа.
Тоа го видовме веќе еднаш со Д. А.

Но, за да привлече третата опција од неопределените мора посериозно и без циркусијади. Вака оставаат впечаток дека не се поразлични од двете постоечки.

Неопределените, барем добар дел од нив, не се палат многу на популизам, крекање небулози и сл.
Гласаат бидејки сакаат да имаат влијание односно да казнат или да одберат помало зло. Левица, сега за сега не се наоѓа во овие комбинации.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4822 на: 22 Октомври 2018, 13:27:13 pm »
....

Мнозинството на квалификуван кадар со добри вештини и професионални способности си го кажува своето. Се исселува. Другите нека го дрват до недоглед.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4823 на: 22 Октомври 2018, 13:28:09 pm »
Ван гласај си за Левица, никој не ти брани. Ја викам дај боже да му дадат функција на Апасиев да го видиме што гомно е, а уште повеќе ќе се радувам ако не сум во право со муабетов.

А ако викам дека Апасиев е гомно не значи дека гласам за другите две огромни лајна. Така да малце безобразна ти е тезата дека ако некој го плука Апасиев гласа и вика да гласаме за ВМРО/СДСМ.
А Апасиев треба да каже што ќе направи сега кога е Апасиев, не да си замислува дека има партија што е во парламент со минимум 5-6 пратеника или дека е некој фактор. Можеби некогаш ќе биде, сега за сега треба да делува како Апасиев, претседател на партија со некаков потенцијал, а не да мисли дека е Мицковски или некој друг моментален фактор на политичкава сцена кај нас.
Исто како онаа будала Бачев или како и да се вика да ни објаснува шта би било кад би било.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4824 на: 22 Октомври 2018, 14:36:15 pm »
Апасиев ќе ви го бутне форумов на уставен бе!
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4825 на: 22 Октомври 2018, 15:02:19 pm »
@Van не турај етикети и ставови за други членови, преку тасе ми дојде. Ако си ОГРАНИЧЕН во тиквата и си завземал некоја страна, не значи дека и јас или било кој друг е ограничен како тебе.

Само наивните, и малите деца, веруваат во приказните дека некој друг однадвор се замара да ти направи нешто добро за тебе.

Што к*р ми ја кажуваш мене реченицава? Некој го спомна ова, дека странците сакаат ДОБРО да ни прават, да не потурат со $$$$ и да ни ја вметнат државата во ЕУ и НАТО, со цел @Luki Junior и остала радна снага у Германија да не издржава нас неспособните?


И да, за тоа другото само ми го потврдуваш погоре кажаното: Левица било која алтернативна опција ќе биде лоша како и сдсм и вмро, затоа ајде повторно и повторно да гласаме за истите клептократи (сдсм и вмро). Провидна демагогија, ама мнозинството ве хипнотизирале да верувате во истата.


Што к*р ме (не) етикетираш дека ја, @Banzai или било кој друг сме ДПМНЕ или СДСМ, или дека нема друга опција, редовно за нив си гласаме? Ако така се однесува (размислува) твоето опкружување, таму етикетирај и кити муда.

Никако да ви текне дека и ако алтернативната опција заебе работа кога ќе дојде на власт, сепак политичката порака е пратена, и дека кога и тие новите клептократи ќе бидат заменети со некоја НОВА алтернативна опција:

Фала што ни ги отвори очите. Ти си првиот на форумов, во државава, во Европа, во Универзумот, на кого му има текнато ваква генијална работа. БРА ВО!

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1998
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4826 на: 22 Октомври 2018, 15:17:23 pm »

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4827 на: 22 Октомври 2018, 15:17:47 pm »
ja prv se majtapev za severnomakedonci, da ne recite ko kje dojt nekoj tret kjutime...

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4828 на: 22 Октомври 2018, 16:04:40 pm »
@marmalad многу си лесно возбудлив. Читај малку повнимателно и не го вади од контекст кажаното.

А ако викам дека Апасиев е гомно не значи дека гласам за другите две огромни лајна. Така да малце безобразна ти е тезата дека ако некој го плука Апасиев гласа и вика да гласаме за ВМРО/СДСМ.
Банза ти си барем некој што ја знае важноста од прецизно разбирање и толкување на кажаните зборови. Јас не реков дека ти (и мармалад, и/или било кој друг) гласате за сдсм и вмро. Тоа што јас го реков е дека мнозинството гласачи гласаат за нив. Цитирај ме ако сметаш дека не сум во право.

Дали ти (и другите што го плукаат Апасиев) сте гласале или ќе гласате за сдсм и вмро, тоа всушност е сеедно. Јас не ве обвинувам за тоа - ниту па можам, пошто тоа е ваше право. Јас ве обвинувам дека не ја разбирате важноста за политичко казнување на партиите кои докажано не ги исполниле предизборните ветувања. Не ја разбирате важноста за политичко казнување на клептократите кои не крадат и не уништуваат.


Левица уште недојдени на власт ги направивте полоши од сдсм и вмро. Јас лично сум десничар по убедување, но за Левица гласав и ќе гласам пошто моментално сите други опции за мене се полоши. Ако Левица ја усере работата, потоа за некој четврт ќе гласам.

И знаеш што?
Поодговорно постапувам, како гласач, од мнозинството гласачи кои упорно гласаат за сдсм или вмро набаре како верни навивачи на спортски клубови од кои не им зависи животот и сегашноста и иднината. А дали ти (и другите што го плукаат Апасиев) сте гласале или ќе гласате за сдсм и вмро, тоа всушност не е важно. Важно е што не нудите алтернатива на сдсм и вмро, а истовремено неосновано и неаргументирано плукате по алтернативата што реално постои.


Цитат
Ја викам дај боже да му дадат функција на Апасиев да го видиме што гомно е, а уште повеќе ќе се радувам ако не сум во право со муабетов.
Исто како онаа будала Бачев или како и да се вика да ни објаснува шта би било кад би било.
Епа гласај за Левица, па да видиме дали ги бива. Пошто ако не ги бива на следните избори ќе им се случи игнорирање и негласање за нив. Дури и тој „будалата“ Бачев повеќе заслужува шанса од докажаните клептократи сдсм и вмро.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4829 на: 22 Октомври 2018, 16:06:34 pm »
Ако напраат цела МК една изборна единица, тогаш ќе видиме дали ги бива алтернативите или не. Додека е ваков принципот на гласање ќе биде сјаши вемеро да узјаше есдеес (и обрнуто).

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.