Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 2385222 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4620 на: 08 Октомври 2018, 23:53:23 pm »
Oгромен дел од луѓето со кои сум имал прилика да позборувам на тема зошто сакаат членство во ЕУ (тие што сакаат), главен аргумент им е намалување на криминалот и корупцијата заради членството во Европската Унија. Затоа ги користам примерите со соседите, да покажам каква е реалноста.
Настрана од тоа немав некој посебен интерес за конкретниот случај во Бугарија.

Инаку кредитите се кредити, долговите треба да се враќаат порано или подоцна. Унијата фондовите не ги отвара за џабе, предвидува профит од нивната намена. Но дали и ние овде ќе профитираме од тоа - настрана од локалните контрактори, тоа е дискутабилно. Клептократијата и локалната олигархија нема потреба ни да ја спомнувам, тие овака или онака секако ги мрсат мустаќите со најголемиот дел од колачот. Колачот на крај пак го плаќаме ние обичните граѓани (или барем тие што плаќаме данок).

Тоа што мене не ми се допаѓа е отворањето на пазарот во услови кога стопанството не ни е конкурентно за ЕУ пазарот. Само што и такво какво е, квалитетот на производите како на пример храната ни е прилично поголем од просечниот квалитет на храната во Унијата (храната со пристапни цени за работниот народ).

Друга работа - не ми се допаѓа преголемата регулација на еу пазарот. Илјадници бирократски правила, кои одделните држави овака или онака ги избуткувале за сопствени интереси. Па понатаму гигантската админстрацијата на чија бројност може да и позавиди и таа овдешната, сето тоа се плаќа од даноци и давачки кои ќе се наплаќаат и од наса. Предвидувам зголемување на даноци и давачки, набрзо штом ќе се влезе во еунато (скраја да е). И на крај, Советот на ЕУ - делегирани клептократи кои никој не ги изгласал за ништо ама кои одлучуваат за се... Има и други моменти, ама ова е зошто не би гласал за членство во еу.
« Последно менување: 09 Октомври 2018, 00:02:02 am Van »

Присутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4621 на: 09 Октомври 2018, 00:01:42 am »
Ај ќе пробам да го расчистам шумот во дискусијата и да ги сведам дисертациите на едноставни тези и едно прашање.

Теза бр.1 Во Македонија има многу криминал
Теза бр.2 Ако, влеземе во ЕУ, ќе има уште повеќе криминал
Теза бр.3 Не ни треба ЕУ, криминалот ќе ескалира
Теза бр.4 Ако не влеземе во ЕУ ќе банкротираме
Теза бр.5 Мора да влеземе во ЕУ, ќе ни се отворат пред пристапни фондови

После овој микс од тези кои ги извадив спорадично од дискусијата која беше чиста без линкање медиуми, се наметнува прашањето:

Која е перспективата на Македонија, за наредните 30 години отприлика?

Прашањето е поставено онака чисто, директно без политичка, националистичка или некаква латентна цел.




Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4622 на: 09 Октомври 2018, 00:05:33 am »
Перспективата е лоша и без и со членство во еу. Со ваквата способност на јавноста да има свест за критички став кон политичката класа, да ги казнува лошите (и да ги наградува добрите), овде никогаш не сме имале квалитетни и одговорни водачи ниту сме имале квалитетно и одговорно водење на државата. Како што стојат работите, тешко дека некогаш и ќе имаме такво нешто а без квалитетно и одговорно водење на државата - ништо не правиме.

Потребна е промена на свеста. Но тешко, проаѓаат години и ништо не се менува - барем не на подобро.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4623 на: 09 Октомври 2018, 10:34:26 am »
Ова е балкан, тука касниме 600 години, какво менување. Веројатно за 30 години ќе останеме само ние старците тука, ако сме живи и ако не сме отишле и ние со децата.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4624 на: 09 Октомври 2018, 11:15:34 am »
Jас уште малку ќе ги оставам да искажат оние кои имаат директен интерес од тоа, а после ќе видиме.


« Последно менување: 09 Октомври 2018, 11:22:34 am Stratro »

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4625 на: 09 Октомври 2018, 15:18:51 pm »
 Пред референдум 40 души одбиле да учестуваат на дебата со овој. Страв у коски им наби ...

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4626 на: 09 Октомври 2018, 15:20:37 pm »
Пред референдум 40 души одбиле да учестуваат на дебата со овој. Страв у коски им наби ...

Со Апасиев лесно се дискутира и дебатира. Проблемот е што многу од луѓето не се навикнати да дискутираат на таков начин.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5728
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4627 на: 09 Октомври 2018, 15:51:38 pm »
уште нема лања напраено, лесно е кога сите соговорници имаат прљав веш, одма ги уќуткува... ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4628 на: 09 Октомври 2018, 16:10:22 pm »
Секоја чест за дечкото.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4629 на: 09 Октомври 2018, 16:27:04 pm »
Елоквентен е, начитан е, не бил на власт и пола од работите што ги збори се глупости или недоречености.

Фино е што конечно се појавува некаква опција различна од двете до сега понудени, но за жал и овој е чист промашај и само добар оратор како другиве две научно докажани катастрофални опции :)

Мое мислење, кој не со согласува да е здрав и жив.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4630 на: 09 Октомври 2018, 16:40:37 pm »
Внесува свежина, но тргнува по стапките на неговите колеги во лов на поени...

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4044
  • MadaFunker
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4631 на: 09 Октомври 2018, 17:09:41 pm »
Конечно да се најде некој да ги ремети овие паразитиве што се менуваат на неколку години..само чекам кога некој и кај браќава ќе се јави вака да ги ремети. :)
New blood of old school

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4632 на: 09 Октомври 2018, 18:21:28 pm »
Не сум до толку глуп да заборавам како го гледавме Грујо на почетокот...
Се шеташе со крем јакна од 700 денари низ Скопје без обезбедување...дури и го жалевме што се труди искрено да зборува , а има говорна мана и се труди за народот..
Душичка.




Али убеден сум дека 90 % од гласачко тело на МКД е како Дори од Немо..



Tака и Апасиев...за сега ми е ОК.
Понатаму, не знам.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4633 на: 09 Октомври 2018, 18:29:36 pm »
За сега е одличен и бајаги писмен.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44369
  • Il Moderatore
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4634 на: 09 Октомври 2018, 18:39:18 pm »
Ме потсеќа на Тодор Петров - звани амандман у млади дани... Ама белки нема да стане ко него у стари дани..

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.