Oгромен дел од луѓето со кои сум имал прилика да позборувам на тема зошто сакаат членство во ЕУ (тие што сакаат), главен аргумент им е намалување на криминалот и корупцијата заради членството во Европската Унија. Затоа ги користам примерите со соседите, да покажам каква е реалноста.
Настрана од тоа немав некој посебен интерес за конкретниот случај во Бугарија.
Инаку кредитите се кредити, долговите треба да се враќаат порано или подоцна. Унијата фондовите не ги отвара за џабе, предвидува профит од нивната намена. Но дали и ние овде ќе профитираме од тоа - настрана од локалните контрактори, тоа е дискутабилно. Клептократијата и локалната олигархија нема потреба ни да ја спомнувам, тие овака или онака секако ги мрсат мустаќите со најголемиот дел од колачот. Колачот на крај пак го плаќаме ние обичните граѓани (или барем тие што плаќаме данок).
Тоа што мене не ми се допаѓа е отворањето на пазарот во услови кога стопанството не ни е конкурентно за ЕУ пазарот. Само што и такво какво е, квалитетот на производите како на пример храната ни е прилично поголем од просечниот квалитет на храната во Унијата (храната со пристапни цени за работниот народ).
Друга работа - не ми се допаѓа преголемата регулација на еу пазарот. Илјадници бирократски правила, кои одделните држави овака или онака ги избуткувале за сопствени интереси. Па понатаму гигантската админстрацијата на чија бројност може да и позавиди и таа овдешната, сето тоа се плаќа од даноци и давачки кои ќе се наплаќаат и од наса. Предвидувам зголемување на даноци и давачки, набрзо штом ќе се влезе во еунато (скраја да е). И на крај, Советот на ЕУ - делегирани клептократи кои никој не ги изгласал за ништо ама кои одлучуваат за се... Има и други моменти, ама ова е зошто не би гласал за членство во еу.