Ти сега навистина коментираш за уметничкиот дојам од колумната? 
Никој не рече дека тој напис е уметничко литературно дело, или макар дека е многу убаво напишан. Се што реков е дека на едно место и концизно и јасно се презентирани фактите како што не ги имам видено во ниеден локален (и нелокален) медиум. А во врска со преземањето од други медиуми, па нели ги виде десетиците линкови кон оригиналните медиуми (bbc, DW, итн) од кои се преземени основните факти кои се сублимираат во колумната. Кредитите се целосно покажани, не да го бранам авторот ама воопшто нема место за никакви обвинувања за плагијат.
Не коментирам за уметничката вредност. Но пак ми е чудно како од десетина можни начини на интерпретација и аргументација на тој пост ти се зафати да го “рационализираш“ и неговата главна идеја да ја продаваш на другите софорумци како јас коментирам за споредни работи како уметничкиот дојам на една колумна. Сега уште една паралела ќе направам со таа иста колумна, копирањето и парафразирањето факти од западни медиуми, слободни интерпретации и поставување реторички прашања меѓу редовите на тие слободните интерпретации.
Со мојот пост ти го направи истото што и србинот од стратеџик калчр се обидува да направи. Зема нечии оригинални идеи и размислувања. Ги превзема и парафразира нештата (и да, некои ги поврзува со линкови, некои делови не), става сопствена интерпретација и на завршетокот на секој параграф поставува реторички прашања со на кои ако пробаш да одговориш, не остава простор за размислување туку треба да наликува на: “Си Хефе.“, “Така е хефе“, “Што убаво му кажа шефе. Не си ти крив, ние сме за ебање“. Таква интерпретација и аргументација е заведувачка, без разлика дали доаѓа од Русија, Англија, Америка, Германија, Бразил, Македонија.
Па така и ти, низ овие постови ме интерпретираш (или пробуваш да ме интерпретираш), па кога ти посочам дека не е тоа што сум го мислел, во истиот момент пробуваш со некакво “аргументирано“ дефокусирање и чудни паралели и интерпретации објаснуваш што сум мислел јас, колку сум знаел јас, колку сум прочитал јас. Наместо, ако нешто навистина не ти е јасно или не си сигурен дека си го разбрал правилно, да прашаш, ќе дообјаснам. Но, искрен разговор за сопствени идеи во Македонија е нешто што не постои. Тука ова што го чкрбаме последните неколку страници е жив пример за тоа. (Не се однесува на тебе лично) Јас не можам да ја разберам таа неоригиналност, потребата да се превземаат ставови и мислења или тоа латентно чувство на недостаток на сопствен интелект или сопствени знаења па треба да превземаме работи или од исток или од запад (или од запад или од исток).
Понатаму, не го обвинувам јас за плагијат. Јас коментирам за комплетна неоригиналност и рециклирање тези, факти, мислења кои се појавиле претходно во други (западни) медиуми, кадешто имале поразлична цел, со поразлично опкружување или конотација. Таму (во сите овие медиуми што овој си ги земал и си ги интерпретирал), некој седнал, размислил, изанализирал, напишал, поминало низ нормалните канали за објавување во медиум и ги објавиле. Создале некаква вредност од ништо друго, освен нивните умствени капацитети. Не дискутирам дали биле објективни, праведни, а уште помалку вистинити. За тие работи, секој читател (вклучувајќи ме и мене) си одлучува сам во неговата глава.
Туку мене ме интересира зошто упорно коментираш споредни работи, како уметнички вредности, или претходно за власништвото на интернет доменот... Но никако да ги искоментираш фактите, да ја искоментираш содржината на текстот. Можеби затоа што немаш противаргументи и факти за ја демантираш содржината?
Не коментирам споредни работи. Сите тие работи што ги пишувам/напишав, се директна последица на твојата аргументација и на сите други членови кои коментираат низ темава. Целта е секој што чита да добие покомплетна слика зошто и како една статија од Стратеџик Калчр доаѓа во живот. Започнува најчесто со параграфи и текстови од западни медиуми, со малку слободна интерпретација и реторички прашања, па малку магија и завршува на веб страница која се крие зад најразлични корпорации. Уште од старт би прокоментирал за оригналните статии од кадешто се “извадени/позајмени“ фактите и тоа не да ти направам на тебе ќеф или услуга. Затоа што, ако беше широкоград, објективен, или тревзвен ќе го побараше уште неколку страници наназад. Ама ти упорно сакаш да коментирам мислења, факти и интерпретации кои не се резултат на интелектуалниот капацитет и вештините на овој аналитичар, туку збирштина од се и сешто. Такво нешто нема да си учинам сам на себе (затоа што сум човек кој се труди да создава сопствени трудови и работи кои имаат реална вредност), а уште помалку на барање на некој друг.
Последно. Начинот на кој ќе ни го сменат името не е фер. Референдумот уште помалку личеше на нешто демократско, не е успешен и нема да биде никогаш успешен. Т.н. “договор од Преспа“ е приказна сама за себе. Западните сили си играат кур-ташак со нас и го пакуваат како “демократски вредности“. Тоа што моментално Америка и ЕУ бирократите го прават е менаџирање криза, то ест мешање мармалад и гомна со надеж дека резултатот на крај ќе биде само мармалад. Но ќе се навратам на еден мој пост од пред неколку страници (последните две реченици во одговорот кон Ахтунг
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,21732.msg1058715.html#msg1058715). Штом за 30ина години како колективна група не одлучивме што сакаме и да работиме кон тоа, ќе дојдат други да нѝ објаснат како тоа треба да биде.
Од друга страна, јас сум исселен од Македонија многу време (иако одам таму често) и според моите убедувања јас немам право да одлучувам што ќе прави народот со неа, со името, со уредувањето, со економијата. Најмногу што можам да си дозволам е да имам мое сопствено мислење и убедување и што и да одлучат да бидам ОК со тоа. Од друга страна, можам да понудам помош на секој што сака да работи со западот како полесно да си го најде местото под сонцето со нив. Затоа што се безскрупулозни и ќе те уништат ако не си го пазиш грбот (било како единка, било како семејство, било како село, било како општина, било како држава).