Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 1798766 пати)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3210
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4500 на: 04 Октомври 2018, 20:55:44 pm »
Балашевиќ ја напишал песнава 1993 година. Текстот, пасува како да е пишувана за денешницата. Кратко кажано, не сме мрднале НИКАДЕ.


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5231
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4501 на: 04 Октомври 2018, 22:49:42 pm »
ми ставаш зборови во уста... јас само направив неколку whois пребарувања на веб страницата, хостингот, фирмата за приватност и на кој холдинг припаѓаат корпорациите/компаниите во чија сопственост е тој медиум.... Јас ништо не прокоментирав за содржината во колумните и текстовите на таа веб страница.

Друго, од кај знаеш дека сум ја изигнорирал содржината, или дека не сум ја прочитал? Или дека не знам за што зборуваат во неа, или каква аргументација користат? Само поради фактот што ништо не прокоментирав за неа, направи цела приказна како сум љуибтел на западот, како сум заслепен, и како не почитувам различно мислење?
Факт прв: Ја игнорираш содржината (не ја коментираш, како што сам кажуваш).
Факт втор: Ја изигнорира содржината откако си проверил дека наводно доменот на сајтот е регистиран во Русија.

Дап, смешно ми е. Како да зборам со некој западен политичар/новинар. Но сето ова ти самиот го кажуваш, и те молам не ме обвинувај дека „ти ставам зборови во уста“. Ете цитиран си не само сега, туку и во претходните постови.

А дека си необјективен, извини на искреноста нељубезноста ама - си.
Не ја коментираш содржината (и ова се твои сопствени зборови), туку коментираш кој го регистрирал сајтот. Што е тоа ако не необјективност? Одбиваш да коментираш нешто, не затоа што содржината е невистинита (или било каква) туку затоа што не ти се допаѓа кој го регистрирал доменот?  :D
Разбирам што сакаш да провериш сопственост, ама тоа е секундарно во однос на содржината. Прво нападни ја содржината, ако можеш да го направиш тоа со аргументи. Потоа кажи кој е сопственикот или нарачателот и така може да добијат легитимет обвинувањата. Но ако обвинувањата се дека ВИСТИНАТА не ти се допаѓа затоа што не ти се допаѓа авторот на текстот - тоа е смешен аргумент во било која дискусија.

Ова е Грахамовата хиерахија на несогласувањето: https://en.wikipedia.org/wiki/Paul_Graham_%28programmer%29#Graham%27s_hierarchy_of_disagreement
Ти во дискусијава си некаде на втората скала. Многу имаш за качување:


Најпосле, стави се во чевлите на неистомислениците (секогаш паметна пракса). Замисли некој со спротиставени мислења да не сака да есапи ништо од западни сајтови?

Без трезвено размислување ќе игнорираме се кон што имаме предрасуди?
Колку краткогледо и тесноградо е тоа??


Биди ти друже љубител и на западот, и љубител на што сакаш. Зошто би ми сметало тоа? Тоа што ми смета е што воопшто немаш намера да дискутираш ниту да изесапиш нешто што не е западно (за колумната зборувам првенствено), и практично излегува дека сакаш да наметнеш некоја теза дека се што не е западно - треба да се игнорира. Да, очекувам дека сега и за ова ќе ме обвиниш дека ти го наметнувам некажано - но еј, за разлика од тебе јас сум спремен да дискутирам се што ќе посакаш. Мојот избор е да не се ограничувам со смешни хендикепи.




едит:
Ме интересира кој е текот на мислите на тие што бојктотирале, нема да сме македонци од северна македонија туку ќе сме југословенски народ од фиром.
Се разбира не можам да одговорам за сите што бојкотирале, но ете ќе одговорам за себе.
„Текот на мислите“ воопшто не ми е тој што си го навел во вториот дел од твојата реченица. Моите мотиви се следниве: Прво евроскептик сум, и сум против ЕУНАТО. Ќе гласав против и без непристојната понуда со менување за името. Второ, таква непристојна понуда од доблест се одбива па било што да понудат (а не нудат ништо, додека бараат премногу). Затоа и не успеа референдумот. Шќиптарите да не ги полнеа кутиите и побетер ќе беа резултатите за подршката на овој непристоен предлог.

Барањето да менуваме име е банална уцена, ретардирано беше првиот пат - ретардирано е и сега. Неморално е и неетички тогаш, неморално е и неетички е и сега. Твоево прашање е во стилот: Еднаш на нагузија со фиром, што да не се нагузиме и сега (северно). Демек еднаш ако се направило грешка (без да се праша народот), еве и сега е во ред да направи грешка. Сега и референдум имаше, кој ете не само што го игнорираат, туку и го спинуваат дека им дава легитимитет повторно да ја преименуваат државата (и повторно без подршка од народот).

На крај јас и како еунато скептик би гласал ЗА еунато, во ситуација каде сите окулу се веќе вазали и затоа што не сакам Македонија да се украинизира и да се користи како фронт за специјална или хибридна (или секаква и било каква) војна. Но само и само ако еунато понудат нешто конкретно за возврат, а не да уценуваат и да бараат нечесни работи.


П.С. Македонци се пишува со големо М:)



« Последно менување: 04 Октомври 2018, 22:57:56 pm Van »

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20061

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3210
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4503 на: 04 Октомври 2018, 23:06:14 pm »

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3965
  • MadaFunker
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4504 на: 04 Октомври 2018, 23:26:56 pm »
Ајде сите по една доза и на спавање  ;D

New blood of old school

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5725
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4505 на: 05 Октомври 2018, 07:55:12 am »

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4966
  • The Spartan General
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4506 на: 05 Октомври 2018, 09:41:41 am »
Факт прв: Ја игнорираш содржината (не ја коментираш, како што сам кажуваш).
Факт втор: Ја изигнорира содржината откако си проверил дека наводно доменот на сајтот е регистиран во Русија.

Дап, смешно ми е. Како да зборам со некој западен политичар/новинар. Но сето ова ти самиот го кажуваш, и те молам не ме обвинувај дека „ти ставам зборови во уста“. Ете цитиран си не само сега, туку и во претходните постови.

А дека си необјективен, извини на искреноста нељубезноста ама - си.
Не ја коментираш содржината (и ова се твои сопствени зборови), туку коментираш кој го регистрирал сајтот. Што е тоа ако не необјективност? Одбиваш да коментираш нешто, не затоа што содржината е невистинита (или било каква) туку затоа што не ти се допаѓа кој го регистрирал доменот?  :D
Разбирам што сакаш да провериш сопственост, ама тоа е секундарно во однос на содржината. Прво нападни ја содржината, ако можеш да го направиш тоа со аргументи. Потоа кажи кој е сопственикот или нарачателот и така може да добијат легитимет обвинувањата. Но ако обвинувањата се дека ВИСТИНАТА не ти се допаѓа затоа што не ти се допаѓа авторот на текстот - тоа е смешен аргумент во било која дискусија.


Малце хипотетички. Малце и една паралела.... Со референдумот....  ;D ;D

Голем дел од граѓаните на Македонија не излегоа на референдумот.
Изворот на западната пропаганда за промена на името со цел влегување во ЕУ и НАТО се западните политичари од курвата Европа.

Дали ти Ван сакаш да кажеш дека сите тие што не излегоа затоа што се необјективни? Или не ја коментираат содржината на западната пропаганда од западните политичари само затоа што доаѓа од западните политичари? Зошто граѓаните на РМ не излегоа на референдум да ја нападнат содржината на прашањето поставено од нашите властодржци со поддршка од ЕУ? Зошто не излегоа да кажат аргументирано јасно и гласно дека се ПРОТИВ тоа? Зошто на граѓаните не им се допаѓаше ВИСТИНАТА за името и неговата тесна поврзаност со изолацијата, интеграцијата во ЕУ и иднината за едно одржливо сервисирање на нашата економија на долг рок само затоа што претседателите на сите ЕУ држави, вклкучувајки ја и канцеларката Меркел и претседателот Макрон гледајќи не во очи ни го кажуваа тоа?

Или така не можам да правам паралела во дискусија, оти не било според некоја пирамида за дискусии?

Нејсе, сега ќе ти кажам зошто не ги прокоментирав чкрбаниците на овој србинот што пишува за Спутник и Стратеџик Калчр. Затоа што е неинвентивна, поставува некакви реторички прашања на начин кој е заведувачки и неаргументиран. Таа колумна ти што ја пушти вербатим во порака е еден украден збирштајн од параграфи од сите западни медиуми, кои се сечени, лепени и монтирани, и дупките меѓу тие параграфи (кои се земени збор-до-збор) се исполнети со некакви креативни изблици и реторички прашања на некојси аналитичар/експерт, кој во слободното време изиграва новинар за спутник (или обратно, новинар на спутник изиграва аналитичар во слободното време). Во неговиот текст има примеси и директни реченици од германските Süddeutsche, Frankfurter Allgemeine Zeitung и Дојче Веле. Како продолжува со текстот и аргументацијата се насеќаат траги од англо-саксонски начин на аргументација која ја има во Гардијан и Телеграф. И додека читав ми беше чудно зошто читам параграфи и реченици кои ги препознавам од други места, напишани со комплетно различна конотација или цел. И како што читав надоле, Бинго. Истиот тој ги парафразира и Дојче Веле, Франкфуртер Алгемајне Цајтунг, ама заборавил да ги спомене англичаните во приказната. :) :)


И накратко, што заклучив јас? Дека некој пробува да ми интерпретира статии, колумни и вести од западни медиуми и дофрла “кафански“ реторички прашања меѓу редовите. На мене лично не ми треба интерпретатор на западните медиуми. Нив можам да си ги интерпретирам сам со сопствениот умствен капацитет.



Најпосле, стави се во чевлите на неистомислениците (секогаш паметна пракса). Замисли некој со спротиставени мислења да не сака да есапи ништо од западни сајтови?

Без трезвено размислување ќе игнорираме се кон што имаме предрасуди?
Колку краткогледо и тесноградо е тоа??

Јас се ставам во твоите чевли и во чевлите на сите неистомисленици. На пример, ти лично може слободно да не ги есапиш западните сајтови и медиуми. Но, еве погледни погоре како содржините од тие исти западни сајтови завршуваат на овие сајтови до истокот. Како додатен бонус има  креативни чкрбаници и интерпретации за да ти помогнат во правилна интерпретација на информациите, содржините и фактите.
И повторно, не знам зошто мислиш дека само твојот начин на размислување е трезвен, без предрасуди, далекуглед и широкоград? Имаш ли некоја единица мерка за сите овие, добиена по експериментален пат и со емпириско мерење?




Биди ти друже љубител и на западот, и љубител на што сакаш. Зошто би ми сметало тоа? Тоа што ми смета е што воопшто немаш намера да дискутираш ниту да изесапиш нешто што не е западно (за колумната зборувам првенствено), и практично излегува дека сакаш да наметнеш некоја теза дека се што не е западно - треба да се игнорира. Да, очекувам дека сега и за ова ќе ме обвиниш дека ти го наметнувам некажано - но еј, за разлика од тебе јас сум спремен да дискутирам се што ќе посакаш. Мојот избор е да не се ограничувам со смешни хендикепи.

Не наметнувам јас никаква теза, само посочувам на изворот. Погоре ти посочив и од каде доаѓаат чкрбаниците во таа колумна. Вчера посочив кој е изворот и сопственик на Стратеџик Калчр.
Моите реторички прашања се:
Зошто би дискутирал украдени идеи и параграфи? Зошто би дискутирал интерпретации на параграфи од некој аналист, кој директно копира и интерпретира други новинари и колумни? Зошто би коментирал креативни интерпретации на некој човек, кој е очигледно или исфрустриран, или платен од некој да биде исфрустриран?

Ако си отворен за дискусија, ајде да дискутираме за свежи сопствени идеи и гледишта. Ама најчесто не си спремен за такво нешто, па мораш да постираш линкови и туѓи идеи и интерпретации на што се случува околу тебе. Делумно затоа што така функционираш, делумно затоа што си физички ограничен да го искусиш и истокот а богами и западот.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3210
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4507 на: 05 Октомври 2018, 09:54:44 am »
Секоја издржана дискусија треба да почне со:

"Мојот став е...."
"Затоа што...."

Па после, нека има спротиставување на друг став...

Ја незнам зашто коментирате и дискутирате ставови од онлајн испрдоци.

Јас искрено во последните 4-5 страни ги видов само цицките што ги стави  @Принц

И мојот став во однос на нив, е дека се сочни, со набрекнати пупки, ама тоа изгледа дека и се ладни рацете на невестата што го драпа, па и се накострежиле.


Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43407
  • Il Moderatore
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4508 на: 05 Октомври 2018, 10:14:44 am »
Мојот став е дека се оверсајз цицките.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10127
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4509 на: 05 Октомври 2018, 10:24:12 am »
Ајде и вакво толкување на референдумските бројки.

1.200 000 немале свој став по прашањето и затоа не гласале, ни за, ни против.
Заклучувам, сеедно им било, и им оставаат да одлучат на тие што имаат изградено став.

Тие што имаа изградено став гласаа, и знаеме како гласаа.

И сега што правиме?

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9999
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4510 на: 05 Октомври 2018, 10:25:11 am »
После секое гласање кај нас сите се победници, таков ни е менталитетот, победнички! ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10893
  • 430i
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4511 на: 05 Октомври 2018, 10:33:22 am »
син ми бр.2 (6 год.) односно наследник бр. 3 минатата недела едногласно бил изгласан од сите присутни во одделението да биде претседател на одделението, немало ниедно дете против
ќерка ми бр.1 (6 год.) односно наследник бр. 2 се расплакала, јас кога дознав мислев од среќа заради успехот и понудената програма прифатена од севкупното мнозинство, она да се расплакала пошто помалиот и брат добил титула, а таа не

за смирување на страстите и општо задоволство, измислиле позиција каде ќе треба да проверува дали дечињата одржуваат лична хигиена (сечат нокти, чисти, средени)

и со државата така, сите се победници

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5475
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4512 на: 05 Октомври 2018, 10:35:47 am »
Ајде и вакво толкување на референдумските бројки.

1.200 000 немале свој став по прашањето и затоа не гласале, ни за, ни против.
Заклучувам, сеедно им било, и им оставаат да одлучат на тие што имаат изградено став.

Тие што имаа изградено став гласаа, и знаеме како гласаа.

И сега што правиме?

Nisto sto kje pravime nema dovolno izleznost 50%+1.
Nema 904000 glasaci +1 taka da ode voz u kukuruz.

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4513 на: 05 Октомври 2018, 10:42:29 am »
Мојот став е дека се оверсајз цицките.
Морав да се вратам назад на оригиналниот пост со младата дама и мислам дека си настинат

Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk


Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3210
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #4514 на: 05 Октомври 2018, 10:47:14 am »
Мојот став е дека се оверсајз цицките.
Морав да се вратам назад на оригиналниот пост со младата дама и мислам дека си настинат

Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk



Ако се оверсајз. Нека има.