Метан се замозапалува? Ајде просветли ме малку хемија, што е CH4, специфична густина, агрегатна состојба, самозапалливост итн 
добро бе пријателе.. што е со тебе и толкувањето на речениците? од каде извади сега термин “самозапалување“? каде јас тоа го спомнав? и дали сериозно мислеше да ме наведеш на загадување со метанот? нај чистиот гас, кој има нај малку загадување при согорување?
а по прашањето за опасно... треба ли да ја појаснувам разликата од корисна експанзија на 3 бари кај ЛПГ (8 до 20 бари на полнење) наспроти ЦНГ кој е на работен притисок од 200 бари (околу 300 на полнење), и дека тоа го возиш во кола, на 2 метри од твојот грб, односно 30 сантими од грбот на твоите деца што седат позади? да дискутираме ли за опасноста од запалливоста на метанот која е поголема од класинчниот пропан-бутан микс т.е. плин? знаеш ли за каква експанзија на ширење збориме доколку се појави процеп на било кој дел од системот на метан, цевка нека е на холендер?
а за немањето искуство со тие уреди кај нас? затоа што во гетеборг видов единствено добар и квалитетен метански уред како се монтира... со дебелозидни челични цевки, што ни нај големиот “јунак“ неможе со раце да ги свитка. тоа кај нас никогаш и никој не монтирал до сега, наспроти бакарни што тураат, па нека се и нај дебелозидните.. единствено плимонт има какво такво некакво искуство со метан, се друго е доста опасно. ЈСП автобусите што ги направија на метан, станаа уште по не еколошки.. мерењата така покажаа, дека загадуваат повеќе со метан одошто само на дизел да си работат, затоа што дизелските агрегати неможе да работат само на метан. притисокот во цилиндар и температурата нема да го запали метанот во цилиндар. треба искра или друг извор на пламен-согорување...

но кај јсп беше друг проблемот т.е. истиот од погоре... немање стручен кадар да го тоа намонтира како што треба и наштелова...