Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 3022064 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6707
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #2895 на: 12 Јуни 2018, 07:05:26 am »
Она што се случува со сообраќајот во Скопје не е ништо поразлично од било кој поголем град, без разлика од кој дел од светот е.
Сум гледал видеа од доста големи градови и секаде е исто, гужви, чекање семафори, свирење, претрчување на пешаци.


Рано наутро, 7.45-8 саат, автопатот кој води кон Париз од ценрална Франција (од Орлеан возев). На 25 км пред да влезеш во градот, веќе има congestion се вози со 10км/ч, во тргни-застани гужва. Тие 25 км, ги поминуваш околу 2 часа. И така е секое сабајле, а тек внатре во градот, близу центарот. Сообраќајот е луд.
Во 17-19 часот во Рим, не можеш да мрднеш од место на некои делници низ центарот. Комотно остави ја колата, дојди после саат време, пак на исто место, во истата гужва ќе си ја најдеш.

Истанбул ич да не го збориме. за 5км со такси ти требаат саат и нешто во шпиц.

Само некој што не (се) возел во некој таков град, може да зборува колку е лош сообраќајот во Скопје.
Но, од друга страна, па и не е нормално у паланка да заглавиш у сообраќај, така да и тие што се бунат, до некаде се во право :)
Све си во право. Но, најди ми те молам во Европа град како големина од Скопје кој што има таков сообраќај. Проблемот произлегува не од многу автомобили туку од начинот како е регулиран сообраќајот. Тоа е разликата.
« Последно менување: 12 Јуни 2018, 08:10:13 am vlatko.klp »

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45189
  • Il Moderatore
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #2896 на: 12 Јуни 2018, 07:22:15 am »

Но, од друга страна, па и не е нормално у паланка да заглавиш у сообраќај, така да и тие што се бунат, до некаде се во право :)
Све си во право. Но, најди ми те молам во Европа град како големина од Скопје кој што има таков сообраќај. Проблемо произлегува не од многу автомобили туку од начинот како е регулиран сообраќајот. Тоа е разликата.
Затоа и последнава реченица моја, која не е со иронија напишана. Скопје ти е паланка, греота е да заглавиш у сообраќај у паланка.
Ама па кога ќе заглавам еве, не мора подалеку, у солун или у белград во некој нормален шпиц, на сабајле и кога се враќаат од работа, па ќе си кажеш дека Скопје со одредени исклучоци, кога ќе им текне да блокираат улици, супер е сообраќајот.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #2897 на: 12 Јуни 2018, 08:38:39 am »
На премногу места дадени опции за вртење во лево.
Еден да сака во лево, и ете ти застој...

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9578
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #2898 на: 12 Јуни 2018, 08:44:55 am »
Пазете полиција низ град партал праи со камерите. Сабајлево ги видов спроти Лептокарија, континентал пред исклучување за велес на излез на Скопје

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #2899 на: 12 Јуни 2018, 08:51:36 am »
На премногу места дадени опции за вртење во лево.
Еден да сака во лево, и ете ти застој...
Точно така! Тоа се зборува веќе 10 години откога нарасна Скопје пута 5 од што беше во пренаселеност. Лево треба на една третина од раскрсниците да се врти, и тоа да е блокирано лево скроз.

И секако бетонски вакви, вкопани 20цм во земја на секоја дупла полна низ градов. И решен проблем со сообраќај.

Градска Болница, Јаја Паша, Пред Зоолошка, Рузвелтова... Има да се направи ред одма.

Кој ваков:

Кој таксист полукружно врти, кој неписмен...

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4415
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #2900 на: 12 Јуни 2018, 09:54:31 am »
Некој да не познава водоводџија кој би дошол на итна интервенција? бројче нека сподели.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #2901 на: 12 Јуни 2018, 11:04:19 am »
Она што се случува со сообраќајот во Скопје не е ништо поразлично од било кој поголем град, без разлика од кој дел од светот е.

Кога споредуваш гужви (и нечистотија, и галама, ....)  не е фер Скопје да го споредуваш со Лондон или некој друг мултимилионски мегалополис. Тоа е баби вс жаби.

Споредувај го со некој друг град од околу 500.000 жители. Спореди ги гужвите, метежот и времето на покривање 10 километри со, шознам, Малме или Сакраменто или Женева...

Оваа имлицитна мантра „секаде е исто“ треба да престане. Не е.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #2902 на: 12 Јуни 2018, 11:05:55 am »
Кога споредуваш град со град спореди главен/административен град со ист таков. Сигурно никој од Сталисварово не оди да вади извод од матично во Малме или Сакраменто или Женева.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #2903 на: 12 Јуни 2018, 11:07:35 am »
Кога споредуваш град со град спореди главен/административен град со ист таков. Сигурно никој од Сталисварово не оди да вади извод од матично во Малме или Сакраменто или Женева.

Иде, иде... Сите се тие регионални административни центри каде што можеш сите документи да ги извадиш. Не се сите земји „у главниот град све, у другите ништо“. Оу ноу.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #2904 на: 12 Јуни 2018, 11:12:07 am »
Колку што знам, изводи се вадат во место на раѓање?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #2905 на: 12 Јуни 2018, 11:23:29 am »
Кога споредуваш град со град спореди главен/административен град со ист таков. Сигурно никој од Сталисварово не оди да вади извод од матично во Малме или Сакраменто или Женева.

Иде, иде... Сите се тие регионални административни центри каде што можеш сите документи да ги извадиш. Не се сите земји „у главниот град све, у другите ништо“. Оу ноу.
Можда иде, ама не цела држава туку „регионот“ микронски околу нив. Главен со Главен, лесно е.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #2906 на: 12 Јуни 2018, 11:24:44 am »
Дени, озбилно сугерираш дека сообраќајот во Скопје е таков каков што е заради не-скопјаните кои доаѓаат во Скопје за да завршат некоја работа?

EDIT Копенхаген вс Скопје, бива? Слична популација, и двата „главни градови“...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #2907 на: 12 Јуни 2018, 11:33:22 am »
Причини има многу. И тоа е една од причините.

Најголема причина е тоа што треба да полагаш А категорија со мотор со брзини за да возиш скутер од 125цц. Познавам преку 20 луѓе во моментов што сместа ќе ги откачат колите да можеа да возат нормален скутер без да полагаат за А категорија. Реално се околу 100.000 во Скопје сигурно, ако не и повеќе.

Или да се стави со Б категорија да се вози до 11kw, или да се воведе А5 скутер категорија каде ќе се полага за мотори без брзини.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22378
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #2908 на: 12 Јуни 2018, 12:36:21 pm »
Скопје...не Скотје...


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #2909 на: 12 Јуни 2018, 12:40:17 pm »
Ама на "прошетаните" не им личело Скопје на метропола, па удрија на барок...