Она што се случува со сообраќајот во Скопје не е ништо поразлично од било кој поголем град, без разлика од кој дел од светот е.
Сум гледал видеа од доста големи градови и секаде е исто, гужви, чекање семафори, свирење, претрчување на пешаци.
Еве на следново видео од 25 секунда па натаму запратете колкава е колоната и закрченоста (најверојатно Лондон е во прашање)
Али битно е дека само во Македонија не функционира ништо, само во Македонија се возат 10 км за 40 минути, додека во сите други градови истата релација за 2 минути се поминува, никогаш нема гужва, правила се почитувале. Ако, мислете си дека е така, затоа ќе тапкаме во место.
Имав порано пишано низ темиве, кога ќе ги исфрлите од мислите политичарите, тогаш ќе тргнеме напред.
Се додека кривицата (а воедно и желбата за подобро) ја барате во политичарите, ќе тонеме.