Aj сеа не туку тролај.
Ама законсково решение со маската е исто така смешки. Како да спречиме напад. Стави му маска. Толку кусогледо се гледа проблемот тоа е чудо. Ок не сме животни и знаеме дека со маска немаше да дојде до ова.
Имам еден комшија од спротива со иста ваква раса како што е нападнато девојчето и покрај двор (заграден) кога и да поминуваат луѓе ова лае како ненормално. Но, кога сопственикот сабајле иде да го шета му става маска не зошто законот му наредил зошто знае сопственикот какво куче има. Тргајќи од тука, маски за кучиња да ама многу добро сопствениците на кучиња знаат дали треба или не треба маска. Неможе да имам некоја пудла 20 см дугачка и да и ставам маска плашејќи се некој инспектор да дојде и да ми даде казна.
За целосно или отстранување на проблемот во поголема мера, освен маска треба сопствениците да се свесни (иако мислам дека многу се свесни) ама веројатно на некои сопственици им е срам или испод чест да му стават маска на куче кое може да биде проблематично. Тоа се вика некултура. Исто како што се фалите на автомобилски форум кој што треба да биде пример за возачка култура како сте извозеле на јавен пат прилеп битола за 11 минути и велес скопје за 15 минути така и ова. Исти ку*ац.