Нападнати ВО парк за кучиња.
Така гласи и насловот на порталот. Еве мене лично никогаш не ми текнало да го однесам малиот ВО парк за кучиња. Затоа у ЗОО го носам.
Сакаш да кажеш дека ако некој некого убие на стрелиште - ок е?
Несакам да кажам. Мешаш луѓе и животни. Не сум видел уште животно што пука.
Јас коментирам врз основа на она што е пишано на порталот. Кога ќе се навратиме на темата ќе продолжиме, вака со рингови за кучиња, стрелишта, не би дискутирал, некако ми е без везе.
ПС: не сум фан на анима мунди, не чувам милениче, не сечам вени за нивна одбрана. Онака сум лајт, реален.
Е па ајде да се вратиме на напишаното. 13 годишно девојче (значи не 2-3 години дете, туку 8-мо одделенка), била нападната и потешко повредена од куче во паркот за кучиња. При обидот да се одбранат, и нејзиниот татко 43 годишен човек, бил повреден. Кучето било водено од женско лице.
Ете ги фактите.
1. Во цивилизирани земји, кучето (или било кое животно) што напаѓа човеквек, веднаш се еутаназира.
2. Во цивилизирани земји, забрането е да чуваш агресивни животни, или да ги поттикуваш да напаѓаат други животни или недајбоже луѓе.
3. Во цивилизирани земји, газда на такво животно завршува во затвор, и никогаш веќе во животот не смее ни да помисли да чува животно, па ни коза.
Тоа куче можело да нападне и на улица, и дома на гости ако му отидеш на газдата. Така е чувано, така е одгледувано. Тоа понашање мора да се казин и забрани.
Нема врска што е парк за кучиња. Ете, може ќе нападнело некој друг сопственик на куче кое шетало куче во парко, можда и татково и ќерката шетале куче во истиот парк. Што има везе.