Законски, освен ако немало некоја измена у последно време па да не сум информиран, сопственикот задолжително треба да му стави маска кога го шета кучето на јавно место. Тој парк за кучиња што го кажувате е јавно место, макар бил ограден со 5 метарска ограда.
Не дај боже да се најде човек на местото на таткото кога го снашло тоа што го снашло. У комшии имам едни будали што чуваат женка ротвајлер која сама ја пуштаат од зграда до надвор и назад. Питома била наводно. Еднаш им укажав дека ако недај боже само децата ми ги исплаши, или недај боже да нападне, ќе ги запалам со се куче и нив и кучето.
Да не се навреди некој оти реков будали, се однесуваше на нив лично затоа што го пуштаат само, а не секој што чува куче од било која раса. Ги сакам животните, чував пар слатки џукели, сега маче, за да нема недоразбирање.