Ако не можеш да успееш на професионален план, блиските ќе бидат тие кои ќе го изедат стапот поради фрустрациите од професионалниот неуспех. А таква отровна средина ја убива милоста и душата на еден човек. Од друга страна, ако немаш поддршка од најблиските (материјална и повеќе нематеријална) тешко дека ќе успееш на професионален план. Ова ти го кажувам како човек кој почнал од нула во три различни држави. Многу е тешко да излезеш надвор од релативно ограничениот ментален склоп, од удобната зона и да се бориш во места кадешто секогаш си подреден поради тоа што си странец, имаш помалку вештини, звучиш поразлично оти имаш акцент, и секогаш треба да си двојно подобар од било кој локален човек. Јас лично не барам од никој услуга, туку само сакам фер шанса да се покажам.
Второ, гледај ја Точка 1) пошироко, а не низ призмата дали си директно сврзан со политиката или не. “Политиката“ во Македонија е таа што ги диктира условите на пазарот на труд, го диктира правецот на развој на приватната сопственост, го диктира начинот на создавање вредности и пари. Приватната иницијатива, креативност, создавање вредност и пари е тесно спрегната во “политичка“ рамка и зависи од фактори кои објективно не би требало да ни да ги има во сликата. Според мене, тоа е главнината на проблемот, што некој кој има квалитети, способности и “глад и апетит“ за успех на крај ќе остане со прстот во уста поради некакви луѓе/нелуѓе, затоа што никогаш не добил, не можел да се избори за фер шанса.
На Запад кадешто има релативно слободен пазар, политиката е таа што се обидува да го надвакса да го регулира пазарот, создавањето на вредност, затоа што индустријата и луѓето што создаваат вредност и пари влечат експлозивно напред додека политиката куца како криво магаре позади. Не дека нема глупости, непотизам, матни политички игри и тука. Сигурно има многу повеќе, се работи за многу поголеми суми, многу поголемо политичко влијание во многу задскриена форма. Но индивидуалецот го има тој релативно сопствен и независен избор дали да биде дел од експлозивната индустрија, или да биде од кај тие што пробуваат да ја зауздаат таа експлозивна индустрија. Најголем број ја бираат првата опција.
Нишчо не те разбрав... Демек сите што успеале се поврзани со власта, или дека негде ќе работиш зад грбот на државата и ќе успееш. Мисла имаш и овде опција да работиш зад грбот на државата... дур те фатат... 
Според мене, ме толкуваш многу кусогледо во моето мислење за “власт или си со нас или си без нас“. Едноставно дневно-“политичките“ препукувања, поделби и форсирањето на форма, наместо суштина се единица мерка за успех и основа на некаков економско-материјален раст на пазарот и производството. Ние го немаме луксузот и парите на западот да храниме “философи-тупаџии-државни администратори“, но во реалноста тоа е најатрактивното работно место на нашиот пазар.
Чисто за споредба: Лани моите родители (веќе се во седмата деценија на животот) собраа околу дваестина тони производство (не ја знам точната бројка поради неколку култури). Вкупната вредност на производството на пазарот беше помалку од годишната плата на еден обичен чиновник. Вкупниот профит нешто помалку од 100 000 денари и тоа без да го сметаме инвестираното време од моите што поминале да го работат. Нашето опшстество е толку расипано и извитоперено што едвај ли некогаш ќе го вреднува материјално и нематеријално таа работа и производство. Ама нели, битно името не го даваме.