...
Кој зборува за паѓање на газ? Или дека некаде некој го пречекуваат како цар? Или дека ружи цветаат на запад? Успех на приватен и професионален план во Македонија е тесно поврзан со две работи:
1) Или работата/капиталот ти е врзана со системот/политиката/луѓето од државниот апарат. Без разлика дали припаѓаш или не припаѓаш кон некоја политичка партија.
2) Или работиш за западен капитал/западна фирма/западни пари, и имаш доволно ветер во грб и расположливи средства да се бориш со тие под број 1). Шансите за создавање вредност и изворно-финален производ е речиси еднаков на нула, ако немаш амин од тие под број 1.
Ако нешто што требаше да научиме последните 20ина години, е да ги научиме, навежбаме и негуваме вештините за создавање вредност и правење пари и капитал кој стои на здрави нозе. Никој немаше да го боли кур како се викаме, ако знаевме да наоѓаме креативни решенија за правење пари и капитал. Ама нели, полесно е да се вежбаат вештините за јадење гомна, глумење лудило, вицкасто заебавање со соседите, кое на крај нѐ донесе кај што нѐ донесе.
пс. Иако имаме многу поголем потенцијал за развој, но погледни под број 1 за секој случај. Создавањето додадена вредност со висок квалитет е особина која треба да ја негуваме и развиваме. А каде има подобро место да се научат тие вештини отколку на запад.