Ќерка ми е второ одделение во Охрид и избрав да учи од дома. Ама наставничкиот совет одлучул дека родителите на децата од 1-во до 3-то одделение што избрале да учат од дома да одиме секој ден во 11 часот да земаме ливчиња што да учат децата и другиот ден да ги враќаме, во меѓувреме јас секој ден по 2 сати учам со ќерка ми дома. Не ми е проблем јас можам да си го дозволам тоа, ама има родители што не можат, а од оправдани причини избрале децата да не одат на училиште со физичко присуство, од класот на ќерка ми еден родител дури и купил лаптоп од 30000 денари зошто стариот не им работел. Кога прашав зошто за нашите деца нема онлајн настава изговорот беше дека во школото немало интернет, значи во централно основно училиште Григор Прличев во Охрид нема интернет, од други наставници слушнав дека не сакале онлајн зошто децата ќе ги снимале и ќе ги ставале на тик ток. Дно од држава сме.