Сега ќе се среди сообраќајот во градо, сметаа тротинетите.
Сметаат многу работи исто како и менталитетот. Ти си заминал, ама гледам менталитетот си го чуваш 
Многу пати се спомнати тротинетите и еве сега ги опфатил и нив законот, нема ништо лошо 
Епа изгледа и латвијциве имаат ист менталитет како нашиот пошто и овде се крена огромна галама

јас возам со кацига и кога сум со велосипед и со тронитет а тоа не е законски решено на пример (се препорачува, ама не мора ако си 14+).
Истиов закон се носи сега и кај мене, буквално копи пејст со 25км/ч ограничување а на тротоар 5 или 6км/ч. За елечињата не сум сигурен, ама и без закон зимно време доколку си на пат со точак паметно е да си носиш такво елече, заради лична безбедност. Проблемот ми се тие 6км/ч на тротоар т.е. дали важат сега и за велосипеди според закон? Ако е така ондак некого казниле за возење побрзо од 6км/ч со велосипед на тротоар? Која е тука логиката пред се?
Наместо кампањи да има за велосипедисти и тротинетчии да не се курчат на тротоари пошто навистина има мали деца трчаат, имаш пешаци со телефон зјапаат и идат лево десно, нормално е дека не треба да леташ и треба да ги поминеш, ама ова 6км/ч е смешки невидени.
Тој што е дебил и смета дека е над сите, е и пешак и возач на автомобил а многу веројатно некогаш и на велосипед. Некултурата не препознава какво превозно средство поседуваш, све е во твојата глава.