Ај додека сум расположен да пљукам по системов наш....
Што е пва со средношколциве, сите биле "скроз" одлични... мајката, од 300 души немало ни еден со една 4ка? Бреееее генијалци децава, алал вера ! Па ние да сме ти биле најпаметна нација со најмногу дебили на м2.
Алооо... абе ставете секоја година тие што се скроз одлични на крај на година да полагаат било кој тест по било кој предмет, ако има преголеми отстапувања да се ревидира се уназад. Па да видиш како следната година ќе бидат сите со по една 4ка....
Све да им ... неписмено, успеаа све да сјебат и образование и се друго што функционираше.. Уназад 28 години се да се терало со врски со мерење чив е поголем.... и на крај дојдовме до тоа сите да имаат големи... ами сега шчо праиме?
Арно сме ние живи што полагавме приемен и за средно и за факултет, и не бевме ни одлични, а не па "скроз" па се запишувавме кај што сакавме без врски.... ова се пореметено.
На тие со постари деца ова им е може познато али мене не ми се веруваше кога слушнав дека у Орце примале 250 души, а се пријавиле 275 "скроз" одлични па не можеле да ги одбијат.
А тие со 2 четворки што да праат, да се затворат дома и да лупаат глава и ѕид?
Тие што не се одлични да идат одма у манастир следните 12 години, а тие со 3ки колективно да рипаат од камени мост?
Моја чудесна земја Македонија (Јужна, Северна, Социјалистичка, Бивша...)
Јас се судрив деновиве со тој проблем. Мене никој во мое време не ми фаќаше врски за подобри отценки, па ни јас на моите деца не им го правев истото... Колку учеле, толку да си добијат, дури и стално го нагласував истото на сите наставници, да не ги зголемуваат отценките, без оглед накој колкава и каква услуга (читај сервис на било кој од моите сегменти на професионално поле) сум направил, бидејки не сметам дека треба да се обезличува и уништува карактерот и способностите на детето и да се учи дека на тацна ќе добие се што треба, бара и сака, без да се потруди и/или вложи енергија за да добие...
Дојде момент да се покаам за тоа, ама само на кратко, бидејки, како што гЛуевски еднаш кажа, вистината е како шило, ќе копа, буши, врти, ама ќе излезе на виделина... Во орце николов, примале 275 деца, се запишале 311 со просек 5.0 од 5-то до 9-то одд и сите ги примиле... Во Јосип Броз, слична ситуација, примаат 250, се запишале сите со 5.0... Корчагин исто, останати неколку места во ГУЦ, е тука веќе, влегле со по некоја 4-ка... Моето дете, со просек 4.83, (тоа значи вкупно три 4-ки од 5-то до 9-то), просек исклучиво заслужен со личен труд, едвај се запиша и тоа на НАСОЧЕНО ОБРАЗОВАНИЕ, со полагање приемен испит, не гимназија... Што мислите, зашто се тепаат за во гимназија сите? Затоа што ако направат приемен испит како што треба, половина нема да се запишат заради поклонетите 5-ки, кои не ретко и 1 треба да се... Во Орце најавија приемен ТЕСТ, на што повеќе од половина родители се побунија, не било фер... Пази да не... Не дека не е фер, туку се усраа дека ќе излезе незнаењето на децата... Се испосраа дека ќе се открие целата фама на поклонување 5-ки... Па ако е заслужена, нека се деси тестот, детето знае се нели? Зашто е страшен тестот ако детето знае за 5-ка? Затоа што не знае ни за 3-ка, затоа...
Што е со шилото на гЛуевски? Еве што е: во Орце и ЈБТ, за периодот од 2-ри до 4-ти септември, уште од сега им најавија писмени по 5 предмети на материјалите од основно.. Да, за оние материјали и предмети за кои што сите имаат чисти и неприкосновени 5-ки... Е, какви консеквенци ќе има потоа незнам, АМА ЌЕ ИМА, зашто тие писмени тестови, ќе ја прикажат реалната состојба со знаењето на децата, значи каква казна ќе биде, тоа незнам, ама знам дека наредбата е од министерството... Ќе се чешлаат сега наставниците еден по еден, сите оние што ределе чисти 5-ки... Ќе има ревизија, и богами треба да има...
Јас лично сум ПРОТИВ екстерното тестирање, бидејки е нон сенс, да правиш тест на деца и наставници, а притоа тестот да го водат самите наставници... Две деца имам, и двете правеле екстерни и двете истото го кажуваат, дека на самиот тест, наставниците им ги цитирале одговорите, за да, нели, си го покријат газот... Меѓутоа, за ПРИЕМЕН ИСПИТ потпишувам со две раце, бидејки сосема други наставници ќе го водат тестирањето, за материјал кој што некој друг го предал и отценил дека треба 5-ка да биде, зашто нели, детето научило од А до Ш баш се, затоа и добило 5-ка.. Е па ај на приемен, да те видиме... Така, к оние што имаат по некоја 4-ка или 3-ка, ќе имаат шанси да идат понатаму со образование кое ги интересира, наместо џаболебојадци да им ги држат местата.. Наместо деца разгалени, размазени и деца.што добивале незаслужено високи отценки (благодарение на глупите им родители што си ги прават паразити), ќе учат деца што ги интересира... А овие првите, ионака во животот ќр им даваат се на тацна, без оглед кај ќе се запишат и што ќе завршат.. Пу јаз'к на државата, системот, вмро, сдсм, глујо, зајко и сите што до фотеља стигаат на истиот начин како и петкашите незаслужени.. Проблрмот е што точно такви петкаши државата ни ја водат сега, па еве, глејте каде сме, а тек каде идеме (подлабоко во гомната, секој ден)...