Чекај сега, до Прилеп е ок патот, така? Проблем е само делот од Ново Лагово до Тополчани? Да фатам ако не накај Крушево на пример до Кривогаштани па после да идам надоле накај Битола? Ме испобунивте 
Од Крушево до Демир Хисар е катастрофа исто така.
Внимавај ако одиш, ти кажувам, делот од каменоломот до последното искачување на плетвар е лошо околу 5 км, тука или возиш точно на средната лента или скрос најдесно, да не си во колотразите, особено после еден долг правец према Прилеп и потоа кривина на десно, тука одма има огромен кратер во десниот колотраг.
Потоа од Лукоил бензинска до Ново Лагово се вози по стандардната магистрала која е во очајна состојба, постојано ке ти удира колата.
Потоа од Ново Лагово па следни 5 км се исто ужас, а потоа кога се префрлаш под мостот на новиот од лева страна, тука е добар.
Понатаму кај Тополчани има во цел пресек на патот јака дупка, возиш ли 30+, загарантирано удира јако колата.
Од Тополчани па натаму 5 км се вракаш на новиот пат, а потоа пак се префрлаш на стар пат
Е тука стариот пат е добар, тесен, ама сепак добар е коловозот.
А додека си по новиот пат исто така имаш две опции, или точно ја газиш средната испрекината лента со левите тркала или скрос најдесно возиш колку што е можно поблиску до банкината.
Моментално тоа е најлошиот пат во државава, претходно тој примат го држеше превојот Пресека, делот кај Ботун и општо додека се правеше Кичево Охрид патот.
Сега таму е друга ситуацијата, Пресека и Ботун се рехабилитирани, а останатото е автопат.
Ја би одел преку Кичево и Охрид, 240 км ти е така наспроти сегашните 180 км.