@Tommy - Приходи од странство се и за тие што издаваат на Букинг / АирБнБ.
Овие секако спаѓаат во тие што ќе ги чешлаат од 2020-та, па навака.
Да да, имам листинг. Мислев од аспект на проверка и од водење на книга со гости, пријавување, и број на легла. Не само дали е платен данок на приход. Целиот бизнис на тапет.
Ќе си пријавиш во општина, (доколку е во Скопје) во град Скопје за категоризација (ти треба договор со ТА за соработка), еден ПП апарат и мука немаш. Ако им дојде до книгата за гости, ќе кажеш дека ќе им ја доставиш на увид. Ако се крене данокот на имот, ќе се кренат кириите така да секако последниот во ланецот ќе го јаде највише.
Државата можда е исцеден лимон, ама пари во државава има како никогаш порано. ИТ, работа на интернет, гастербајтери, косовари што љубат да слеваат капитал тука поради нивен несигурен државен апарат итн.