Печалба без занает нема. Ausbildung е права работа за тој што знае јазик, јас за жал сум реален и немам време за учење, јазикот го учев 6 години (од 6то одделение до втора година средно) и стигнав до B1 ниво, но кога не го зборуваш 5 години ќе заглавиш пак и ќе тапкаш во место. Плата највисока сум зел 1,961€, ќирија плаќам 400€, па пресметајте. На фиксна плата сум договорен (осигуран сум многу подобро од другите возачи кои возат кај други газди, односно осигуран здравствено и пензиски на 180 часа, а не како некој на 100 часа - teilzeit, си добивам платна листа на официјална веб страница DATEV и со платните листи многумина зеле убав кредит или стан, барем тоа е регуларно иако е мала платата, т.е се движи од 1800-1950 нето) и работам без работно време (можам д си одам и за 5 часа, но пакетите што нема да ги доставам денес ќе ги доставам утре, па ќе бидам дупло товарен и затоа не сум вратил пакет), работам од 5:30 (пристигнувам во депот и ја правам турата рачно за тој ден), товарам од 06:00-08:00 и на последна адреса сум во зависност од денот од 13:00-15:00 и од тука имам уште 40 минути до дома. Што повеќе да се каже?