Срочено во две реченици, Не си задоволен...
Зошто не промениш работа, град, па макар и држава? Зошто не почнеш како помошник сервисер на лифтови, или помошник во одржување во метро или железница (нафрлам работни позиции)
Но, друга опција е да се вратам назад и да си тапкам во место без пари, особено каде што живеам нема вработувања и платите се околу 30к денари скоро секаде, а таа плата не ми е доволна ни за гориво. Мала споредба - со максимално штедење во Македонија и со добра работа колата што ја купив тука за 10 месеци, ќе ја купев за 4 години (можеби ни за толку).
Има и во Македонија пари само не сакаме да работиме. Обичен војник зема 4цифрена плата со прекувремени. Тоа доволно е за гориво?
Има пари колку сакаш, во зависност од тоа колку време си спремен да вложиш, ама друг е проблемот, немаме функционален систем и самосвесен народ.
Општо познато е дека на форумов најдобро знаеме да направиме есап на другите и да ги трошиме туѓите пари.
Под ова може да се разбере дека пари има насекаде во светот, само човек треба да дојде до нив преку работа, заслуга и разни легитимни начини. Не функционира системот затоа што истиот тој систем е наметнат и оформен од самите луѓе. Свесноста на народот произлегува од условите во кои живееме, а условите ги креираме сите заедно.
Имавме можност за промена, каква-таква – и пак се вративме на истото. Кој е тука виновен? Народот во целина или тие 20% што одлучуваат за сите? Затоа и е погрешно да се вели дека немаме самосвесен народ – имаме. Свесноста доаѓа од примерите што ги даваме. Каков пример создаваме, таков ефект имаме.
Форум како форум е одлично што постои. Не може да има цензура – ако нема корисници и различни мислења, тогаш би пишувал само еден човек, а другите не би имале право на глас. Никој не може да му прави „есап“ на никого; никој не може да ти ги земе парите од џеб затоа што искоментирал нешто. Коментар не значи дека веднаш треба да го прифатиш.
Времињата се дигитализирани. Она што било пред 10 години сега е минато. Се случува трансформација и колку побрзо човек се прилагоди, толку помал отпор ќе има. Ваквите ставови не му штетат на други – му штетат на тој што ги задржува а тоа лично ке му покаже време за жал на свој грб.