Кај Прчот имам дадено преку 35.000 денари и го имам препорачано секаде кај што се спомнало "абе треба да сменам Х на колата".
И мене ми се деси немил настан со ребраст и водна пумпа, делови кои беа вградени на кола више 18 месеци, и самоволно, без да го побарам уопште, ги замени иако нити мораше нити требаше.
Така да, ако некој некад се замислил дали да порачува делови од кај Прчот, ете ви искуство од мене, редовен порачувач (иако не сум го побарал со месеци, колата мистериозно реши да соработува периодов и не бара да се носи на мајстори).