Сакам да споделам не баш позитивно искуство со
@Prcot .
Имено, нарачав специфичен дел од специфична марка на 01.07 и ми беше кажано дека треба да чекам околу 1 недела за тој дел, по што јас се согласив.
На 09.07 добив пратка со погрешен дел, по што го исконтактирав Прчот и тој се согласи пратката да се врати назад. Платив карго +120 ден.
Истиот ден од кај него по втор пат го нарачав специфичниот дел и добив извинување.
Новата точна пратка ја добив денес 12.07 по иста цена + 160 денари карго (на 40 степени треба да одам до друго карго, а зошто не знам) од нивната база.
Мене делот ми беше итен и за некој ден заминувам на одмор и пропуштам 3 термини кај мајстор, а сите добро знаеме колку е тешко да се закаже термин кај мајстор (и тоа 3 пати).
Не е за тоа што платив карго 300 денари и што три пати одам до карго на 40°С, туку за гестот од негова страна.
Не би го препорачал!