Абе дечки кога ќе речете добро е ама малку скапичко е....ми сте многу чудни?!
Што очекувате, да биде убаво и квалитетно а да е ефтино?
Таква кола сеуште ниедна фирма нема произведено а кога ќе успее да призведе ќе биде компанија со најголем профит во свет.
Тоа е нешто кон кое што сите тежнеат и за кое што сите сонуваат ама со сегашната технологија и степен на развој, таа идеја е сеуште далечна и неостварлива.
Ова кантиве што се од кореја, се арни за возење и купување се додека се во низок ценовен ранг, со ќопави мотори и во пониската класа, имаат прималива цена и се исплатливи за купување.
Се што вреди од КИАЉУНДАИ е во повисоките класи на возила за кои што треба да се издвои позамаша сума на парички и тогаш веќе проработува здравиот разум кој ни вели. "За 27 илјади Евра да купам КИА СУВ дизел со полна опрема или да Купам Тигуан, Аутлендер, Витара, Хонда....и да не ги редам понатаму." NO WAY !
Тоа е муабетот.