Автор Тема: Столарија ПВЦ/ДРВЕНА?Алуминиум  (Прочитано 32708 пати)

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2608
  • Custom made interiors
Одг: Столарија ПВЦ/ДРВЕНА?Алуминиум
« Одговори #45 на: 27 Декември 2017, 21:41:49 pm »
Дено види доле на вратата или под стаклото дали има дупчиња. Тоа се одводни каналчиња и проаѓаат низ профилот. Мала кондензација не е страшно ама вода да тече не би требало. Дома да не ви е премногу топло ?
Каде поточно?
Ако може на слика некако да ми покажеш?

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: Столарија ПВЦ/ДРВЕНА?Алуминиум
« Одговори #46 на: 13 Јануари 2018, 11:00:54 am »
https://photos.app.goo.gl/IE8ylSdg9NklYnhG3
https://photos.app.goo.gl/0SGT3RkeN1aZAuNr2
https://photos.app.goo.gl/mxo0i8E5QdlNWdYI2

Како си задоволен? Веројатно и јас од истиве ќе земам деновиве

Ќе ти кажам после март, сеуште е во фаза на реновирање станот.

Отсутен RIKSON

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Столарија ПВЦ/ДРВЕНА?Алуминиум
« Одговори #47 на: 30 Јули 2019, 12:38:22 pm »
Здраво на сите гледам дека има доста искуства споделени за прозори така да сакам да прашам што е подобро саламандер 3д со 6 коморен ауби сигенија или кемерлинг 6 коморен ауби сигенија.Ви благодарам

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Столарија ПВЦ/ДРВЕНА?Алуминиум
« Одговори #48 на: 30 Јули 2019, 13:51:43 pm »
Од страна на спецификации на двата профили Саламандерот парче го прави Кемерлингот.

Или:
- саламандер 46 дб звук и Uw = 0.67 W/(m²K)
- комерлинг - нема оцена за бучава -  и Uf = 0,82 W / (m²K)

Сигениа како оков треба да е супер.

Најбитна работа од сите овие технички податоци е монтажата и мајсторијата.
Можиш да го купиш најдобриот прозор и оков и да ти го монтираат криво или лошо.

Исто така пази на копии на Саламандер. Има некои кои користат копии на профилите. Побарај си убаво сертификат, лепенки и ознаки на профилите.

Еве извор за прозорите.

https://www.sip-windows.com/en/products/window-systems/salamander-3D

https://www.koemmerling.com/ba/bs/proizvodi/sistemi-prozora-i-vrata/76-mm-sistemi/koemmerling-76-md/standard-3/

Чисто за пресметка види го и профилот на Rehau. Geneo.
Кој користи карбон наместо челични профили и добива доста добри спецификации.

Uf до 0,61 W/m²K

https://www.rehau.com/mk-mk/%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%BD%D0%B8-%D0%B8%D0%BD%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8/%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B7%D0%BE%D1%80%D1%86%D0%B8/%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B3%D0%BB%D0%B5%D0%B4-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B7%D0%BE%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%81%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BC%D0%B8/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B7%D0%BE%D1%80%D1%86%D0%B8-%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D0%BE#tab3

Отсутен RIKSON

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Столарија ПВЦ/ДРВЕНА?Алуминиум
« Одговори #49 на: 02 Август 2019, 21:14:49 pm »
Еве некое инфо што ми пратија за коммерлинго сепак благодарама  за одговорот а ке го разгледам линкот

Длабочината на профилот е 76мм uf=1.1w(m2k)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Столарија ПВЦ/ДРВЕНА?Алуминиум
« Одговори #50 на: 04 Август 2019, 20:59:55 pm »
Уште полош пакет (профил + стакло).


Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Столарија ПВЦ/ДРВЕНА?Алуминиум
« Одговори #51 на: 28 Мај 2020, 17:00:58 pm »
Јас да ја отворам темава.. Периодов треба да местам прозорци и терасински врати на куќата, прашував тука Кичево ми понудија нешто, најповеќе ми одговараше со 6 комори и 4 сезонско стакло али профилите се некои wintech, при што мајсторот ми препорача дека нема врска профилот туку механизмот..

Иначе ми понудија 1200 евра за 3 дупли прозоци, 2 единечни, 1 терасинска врата, 2 панорамски врати и 1 светларник без отварање... Димензиите да не ги пишувам, стандард се..

Друг ми понуди Europan 1140 евра, Salamander brugmann 1350..


Некој да ми препорача мајстори од западниов дел ?
« Последно менување: 28 Мај 2020, 17:07:09 pm Бузуки »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Столарија ПВЦ/ДРВЕНА?Алуминиум
« Одговори #52 на: 28 Мај 2020, 17:13:29 pm »
Во комшии имам ролетар кој го викнав да ми мести ролетна на еден прозор Рехау.

Се мучеше бушејки го профилот, мислев тупа му е бургијата :)
Успут ми раскажуваше случки каде налетувал на пвц без профили внатре... ;D

Профилот е итекако битен елемент од пвц прозорот.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: Столарија ПВЦ/ДРВЕНА?Алуминиум
« Одговори #53 на: 28 Мај 2020, 20:14:41 pm »
Јас ставив ролпласт (маде ин Бугарија со германски профил?) со 3 стакла, винкхаус окови, не ми текнува името на профилот. Задоволен сум, екстра се, цена за 8 големи прозори 1м х 1.5 од кои 2 се фиксни, 2 врати 0.8х220 и мал прозорец 0.6х0.6 1.350еур пред 3 години.

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk


Отсутен kokos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 195
Одг: Столарија ПВЦ/ДРВЕНА?Алуминиум
« Одговори #54 на: 28 Мај 2020, 21:20:50 pm »
дали го подмачкувате оковот на ПВЦ столарија еднаш годишно како што е препорачано на повеќето или не?

и ако одговорот е да со што пр. WD-40, силиконски спреј за подмачкување...



Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Столарија ПВЦ/ДРВЕНА?Алуминиум
« Одговори #55 на: 28 Мај 2020, 23:16:59 pm »
Во комшии имам ролетар кој го викнав да ми мести ролетна на еден прозор Рехау.

Се мучеше бушејки го профилот, мислев тупа му е бургијата :)
Успут ми раскажуваше случки каде налетувал на пвц без профили внатре... ;D

Профилот е итекако битен елемент од пвц прозорот.

Има профили кои немаат челик внатре за појачување. Тоа не значи дека е лошо. Дека смислиле начин како да добијат цврстина без употреба на железни профили. Таков пример ти е рехау генео. Има карбон фибер појачување. Одличен профил.



дали го подмачкувате оковот на ПВЦ столарија еднаш годишно како што е препорачано на повеќето или не?

и ако одговорот е да со што пр. WD-40, силиконски спреј за подмачкување...




Со машинско масло треба.
Ама до сега не сум ги подмачкал, веќе 4 год. Ќе ги подмачкам периодов.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Столарија ПВЦ/ДРВЕНА?Алуминиум
« Одговори #56 на: 04 Јуни 2020, 01:37:04 am »
Јас да ја отворам темава.. Периодов треба да местам прозорци и терасински врати на куќата, прашував тука Кичево ми понудија нешто, најповеќе ми одговараше со 6 комори и 4 сезонско стакло али профилите се некои wintech, при што мајсторот ми препорача дека нема врска профилот туку механизмот..

Иначе ми понудија 1200 евра за 3 дупли прозоци, 2 единечни, 1 терасинска врата, 2 панорамски врати и 1 светларник без отварање... Димензиите да не ги пишувам, стандард се..

Друг ми понуди Europan 1140 евра, Salamander brugmann 1350..


Некој да ми препорача мајстори од западниов дел ?
Изгледа ќе одам на Rehau со 6 комори и 4 сезонско стакло, 1450 евра.. Е сега ми нудат да наместам и ролетни, ме убедуваат за алуминиумски вградени (внатрешни)... Други па ми викаат џабе се 6те комори кога ќе пропушта звук од кај кутијата од ролетните..

Меѓутоа такви вградени алуминиумски се 700 евра...  А обични надворешни бели пластични се 300 евра..
Вакви се вградените..

Отсутен velkov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 637
Одг: Столарија ПВЦ/ДРВЕНА?Алуминиум
« Одговори #57 на: 04 Јуни 2020, 02:01:23 am »
Чисто информативно и за надворешните треба да ти го буши шрофилот за да ја внесе сајлата внатре. Со тоа повторно имаш нарушување на "термомост" на профилите.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Столарија ПВЦ/ДРВЕНА?Алуминиум
« Одговори #58 на: 04 Јуни 2020, 13:49:15 pm »
Нормално дека подобри се внатрешните. Види колку убаво решение имаат. Со комарник со сите тракатанци.
Башка нема да имаш чир над прозрот од надвор и нема после 10г да треба да ја смениш кутијата на ролетните.
Алуминиум за долг век да имаат.

Отсутен Astraion

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 675
  • Pixel Perfect.
Одг: Столарија ПВЦ/ДРВЕНА?Алуминиум
« Одговори #59 на: 04 Јуни 2020, 14:17:16 pm »
Ако страда звучната изолација, батали и иди на поевтината варијанта.
Комшија до мене свадба праеше пред неколку години, јас спиев ко бебе. Бушење, сечење дрва, грмење итн. = приоритет има звучна изолација кај мене.