Автор Тема: Столарија ПВЦ/ДРВЕНА?Алуминиум  (Прочитано 32720 пати)

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1310
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Столарија ПВЦ/ДРВЕНА?Алуминиум
« Одговори #30 на: 02 Ноември 2017, 19:20:55 pm »
Жив циркус се тие подизведувачи кај редкафе на Роллпласт. Нешто Промодент се викаат. Ми сервисираа гаражна врата. Со руките у џеб дојдоа ;)
Инаку роллпласт имаат супер услуга и цена, ако можете сами да си монтирате, може и тоа. Маржата за монтажа на гаражна врата на пример е 100.% а не е некоја филозофија за монтажа

Sent from my SM-G928F using Tapatalk

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: Столарија ПВЦ/ДРВЕНА?Алуминиум
« Одговори #31 на: 23 Ноември 2017, 23:51:02 pm »
Деновиве помина монтажата на прозорците од ролпласт, ќе пуштам слики наскоро. За помалку од 15 дена од порачка до монтажа.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Столарија ПВЦ/ДРВЕНА?Алуминиум
« Одговори #32 на: 24 Ноември 2017, 09:37:15 am »
Деновиве помина монтажата на прозорците од ролпласт, ќе пуштам слики наскоро. За помалку од 15 дена од порачка до монтажа.

Од кое место на Ролпласт нарача? И јас веројатно ќе нарачувам од таму, пушти повеќе слики :D

Отсутен stavrov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 514
Одг: Столарија ПВЦ/ДРВЕНА?Алуминиум
« Одговори #33 на: 24 Ноември 2017, 09:46:08 am »
Дали сте информирани дали уште има субвенции за пвц прозорци?

Sent from my SM-G935F using Tapatalk

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Столарија ПВЦ/ДРВЕНА?Алуминиум
« Одговори #34 на: 24 Ноември 2017, 10:40:38 am »
Дали сте информирани дали уште има субвенции за пвц прозорци?

Sent from my SM-G935F using Tapatalk

Мислам дека нема више

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: Столарија ПВЦ/ДРВЕНА?Алуминиум
« Одговори #35 на: 26 Декември 2017, 22:55:59 pm »
Деновиве помина монтажата на прозорците од ролпласт, ќе пуштам слики наскоро. За помалку од 15 дена од порачка до монтажа.

Од кое место на Ролпласт нарача? И јас веројатно ќе нарачувам од таму, пушти повеќе слики :D

Порачав од Велес, за Велес е и монтажата па ми одговараше така. Сега ќе пуштам и слики.

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2608
  • Custom made interiors
Одг: Столарија ПВЦ/ДРВЕНА?Алуминиум
« Одговори #37 на: 26 Декември 2017, 23:39:24 pm »
 Дали е нормално да кондензира надворешна алуминиумска врата дури и вода да тече од неа?

Исто и пвц прозорец на стаклото ствара роса.

Отсутен masterficx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 482
Одг: Столарија ПВЦ/ДРВЕНА?Алуминиум
« Одговори #38 на: 26 Декември 2017, 23:44:06 pm »
Дено види доле на вратата или под стаклото дали има дупчиња. Тоа се одводни каналчиња и проаѓаат низ профилот. Мала кондензација не е страшно ама вода да тече не би требало. Дома да не ви е премногу топло ?
Cheap + Reliable = Not Fast
Fast + Cheap = Not Reliable
Reliable + Fast = Not Cheap

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Столарија ПВЦ/ДРВЕНА?Алуминиум
« Одговори #39 на: 26 Декември 2017, 23:59:31 pm »
Дали знаете некој мајстор што се занимава со поправка на механизми за пвц, замена на расипани делови? Некој што работи со различни типовии и фирми на  механизми (не знам што точно механизми има пвц-то во стан, знам дека профилите се сламандер)? Може ќе ми треба наскоро некој таков мајстор, доколку не успеам сам да го решам проблемот, па ако знаете, не е лошо да споделите, и на други ќе им затреба...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен masterficx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 482
Одг: Столарија ПВЦ/ДРВЕНА?Алуминиум
« Одговори #40 на: 27 Декември 2017, 00:03:33 am »
Тие се доста прости механизми. Кажи што проблем имаш и ќе пробам да ти помогнам од овде. Обично на средина на механизмот го пишува брендот. Средина е страната каде што стои рачката за отварање/затварање. Ако нејќеш да се замараш ќе најдеме некој човек. И така сега им е вон сезона би требало да се слободни.
Cheap + Reliable = Not Fast
Fast + Cheap = Not Reliable
Reliable + Fast = Not Cheap

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Столарија ПВЦ/ДРВЕНА?Алуминиум
« Одговори #41 на: 27 Декември 2017, 00:08:26 am »
Тие се доста прости механизми. Кажи што проблем имаш и ќе пробам да ти помогнам од овде. Обично на средина на механизмот го пишува брендот. Средина е страната каде што стои рачката за отварање/затварање. Ако нејќеш да се замараш ќе најдеме некој човек. И така сега им е вон сезона би требало да се слободни.

Врата на кипање, балконска, падната некој милиметар (се клати) горе кај механизмот за кипање, и не затвара добро. Ако ја вратам со рука до рамката на ѕид - затвара (нормално), но самостојно таму покрај рамката има луфта од неколку мм и не е добро затворена вратата.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен masterficx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 482
Одг: Столарија ПВЦ/ДРВЕНА?Алуминиум
« Одговори #42 на: 27 Декември 2017, 00:18:04 am »
Од горна страна на крилото има штрафови што проаѓаат низ механизмот за затварање и влегуваат во пластиката. Провери да не фали некој или да е разлабавен.

Горниот дел од механизмот за затварање е делот за кипање и е како маказа и обично има еден пластичен дел одприлика на крајот од таа маказа. Види да не е разјадена пластиката.

На касата обично стојат едни метални делови широки околу 4/5 цм. Тие се затварачите. На крилото има едни мали цилиндри коишто се движат кога ја вртиш рачката. Треба да ги има неколку на број на 3 страни од крилото пошо е на кипање. Тие треба да поминуваат на 1 до 2 мм покрај затварачите на касата кога ја затвараш вратата и да се заглавуваат позади/во затварачите кога ќе ја свртиш рачката на затворена врата. Провери тие дали го прават ова шо го опишав. Да не е некој изместен/лабав/да не фали.

И на крај на самата шарка долна и горна има дупчиња за да пикнеш инбус клуч. Тие се за штелување само не го памтам бројот на инбусот. Мислам дека е или 4 или 5мм. На горната шарка пробај да вртиш и види дали крилото ќе се прилепи до касата.
Cheap + Reliable = Not Fast
Fast + Cheap = Not Reliable
Reliable + Fast = Not Cheap

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Столарија ПВЦ/ДРВЕНА?Алуминиум
« Одговори #43 на: 27 Декември 2017, 00:28:28 am »
Фала @masterficx , ќе погледнам поубаво, отприлика јасни ми се механичките принципи на функционирање, иако има мали варијации во изведбите од производител до производител. Затоа кажав, прво ќе пробам сам да видам дали ќе успеам нешто да оправам, малце е незгодно пошто касата е наместена кон надворешната ивица на ѕидот, па малку пристапот за глеање е понезгоден.  Инаку, оние стандардните „штелки“ на механизмите добро ги знам ;) Овде се приметува дека е нешто откачено или сје*ано.
Ќе се позанимавам после нова година малце, не ми е хитно сега, па ако треба ќе викаме упомоч! 