Најмалку 3 заптивни гуми. Најмалку. Нај малку. Нај малку. Не погледнувај со 2 заптивни освен за гаража ако е или за шупа. Барај со 4.
Коморите не се важни. Сеедно е.
3 стакла гледај. Поготово ако собата е греена или е спална или слично. 2 стакла за соби кои не се греат, како некои ходници и скали на пример.
Значи да резимираме, минимум смее:
- 3 или 4 заптивни гуми
- 3 или 4 стакла
Ете. Лесно се памти.
Марка Рехау прво, Саламандер второ, други трето.
И да дадеш некое евро плус, сето тоа ќе се врати после. Што ќе се врати во чист кеш заштеда од греење и ладење, дел ќе се врати од немање нервози, дел ќе се врати од што нема да ти дува, дел ќе се врати од растот од звучна изолација. Значи се на се многу се исплати да се даде плус за ова што реков погоре.
Слушај си паталец.