Автор Тема: Проблем со палење, Фиат Пунто  (Прочитано 5726 пати)

Отсутен Festool

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 155
  • woodworker
    • Drvodelec.mk
Проблем со палење, Фиат Пунто
« на: 29 Мај 2017, 15:01:32 pm »
Здраво, Punto Classic 1.2 бензин, 2008-ма. Го возам веќе 1.5 година, пали вози без никаков проблем.

Некни вечер, седнувам и да запалам, нејќе да запали, само вергла. Бензинот беше при крај, и дотурив уште 3л. Пробувам пак, пак нејќе. Другиот ден, пак исто, само вергла, а да запали нејќе и да чуе.

Го однесовме на мајстор со влечење. Мајсторот почна да проверува, провери осигурачи, свеќици, се исправно. Иде струја до моторот, свеќиците даваат искра и се.

Стави бензин директно, пак само вергла, а да запали нејќе да чуе. Провери ребраст и тие работи, се е исправно.

Мајсторот вика дека такво нешто не видел до сега, барем ќе покажеше на знаци некакви да запали за 1 сек, ама ништо.

На влечење ја запаливме, но работи само на висока гас, на ниска гас гаси, и кога ќе изгаси, пак не пали.

Сега пред малку си идам од сервис, ја ставија на компјутер и покажа грешка P0170. Но овие не знаеа да кажат што точно и рекоа да им ја оставам, и ја оставив. Едниот вика можеби пумпата, другиот вика можеби  компјутерот.

Некакви идеи?

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Проблем со палење, Фиат Пунто
« Одговори #2 на: 29 Мај 2017, 18:07:32 pm »
По ова што го кажуваш работењето на висока гас ме асоцира на вишок воздух, е сеа дали негде влече од цревце пукнатина или нешто трето треба да си разгледаш. Можно е колата да влече фалш воздух и да неможе да регулира лер моторчето.

Отсутен Festool

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 155
  • woodworker
    • Drvodelec.mk
Одг: Проблем со палење, Фиат Пунто
« Одговори #3 на: 29 Мај 2017, 18:54:51 pm »
Најново, грешката што ја покажуваше ја снема, откако дотуривме гориво, претходно светеше сијаличката. Проблемот останува и покрај цел ден на сервис.

Иде струја до моторот, дизните прскат, не покажува никаква грешка на компјтуерот итн итн

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Проблем со палење, Фиат Пунто
« Одговори #4 на: 29 Мај 2017, 19:06:12 pm »
Да се провери количината на воздух на лер-гас...? Или па да се види дали влегува во коморите антифриз- уље, вентилите дали се ок... т.е. вака лаечки на не видено мада овие проверки не захтеваат комплицирани зафати...

Отсутен Festool

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 155
  • woodworker
    • Drvodelec.mk
Одг: Проблем со палење, Фиат Пунто
« Одговори #5 на: 29 Мај 2017, 19:22:01 pm »
А проблемот продолжува. Само вергла, а нејќе ни за дел од секундата да тргне нешто да се движи, ако беа проблем вентилите, нели барем ќе тргнеше нешто и ќе почнеше да чука...

Сензорите рече мајсторот дека се ок... Ребраст каиш ок, бензинска пумпа рече дека е ок, штом прскат дизните...

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Проблем со палење, Фиат Пунто
« Одговори #6 на: 29 Мај 2017, 19:51:23 pm »
Клапната да не е ептен замастена, фултерот за воздух?

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Проблем со палење, Фиат Пунто
« Одговори #7 на: 29 Мај 2017, 22:32:13 pm »
Мењај го мајсторот

Отсутен Festool

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 155
  • woodworker
    • Drvodelec.mk
Одг: Проблем со палење, Фиат Пунто
« Одговори #8 на: 29 Мај 2017, 22:34:32 pm »
Три сменив, едниот се откажа во првиот ден, вториот не сакаше да се нафати, третиот е пред откажување.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Проблем со палење, Фиат Пунто
« Одговори #9 на: 30 Мај 2017, 02:23:05 am »
1.2 моторите беа тие со фаличните ECU-a?

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Проблем со палење, Фиат Пунто
« Одговори #10 на: 30 Мај 2017, 07:28:34 am »
Чисто за идеја, сензори на радилица и на брегаста проверени се?
Мене ми личи на тајминг проблем, ако има искра и има гориво и воздух..

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Проблем со палење, Фиат Пунто
« Одговори #11 на: 30 Мај 2017, 07:32:45 am »
Mislam deka ako senzorite ne se okej nema da  ima iskra. Ili ne e taka na fiat?

Sent from my COOLPAD 8297W using Tapatalk


Отсутен x01

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 729
Одг: Проблем со палење, Фиат Пунто
« Одговори #12 на: 30 Мај 2017, 08:01:58 am »
Кај мк2 имаше проблем со еци но кога настануваше колата работеше на 2 клипа. Јас возам мк2 10 години до паленје сум немал проблем.

Sent from my HUAWEI VNS-L21 using Tapatalk


Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Проблем со палење, Фиат Пунто
« Одговори #13 на: 30 Мај 2017, 09:14:22 am »
Mislam deka ako senzorite ne se okej nema da  ima iskra. Ili ne e taka na fiat?

Не мора да значи. Сензорот може да е неисправен и со покажување погрешна позиција, и пак да си фрла искри, ама не тогаш кога треба.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Festool

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 155
  • woodworker
    • Drvodelec.mk
Одг: Проблем со палење, Фиат Пунто
« Одговори #14 на: 30 Мај 2017, 09:18:47 am »
Мајсторот рече дека сензорите се ок, и на радалица и на брегаста. Иначе користи Delphi за дијагностика, и не покажува грешка. Ако беше фаличен ECU-то, нели би требало да покаже на дијагностиката...?

Денес продолжува борбата.