Автор Тема: Забави...... не трчај низ животот...  (Прочитано 181932 пати)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #1545 на: 29 Мај 2013, 15:46:11 pm »
Демек „вие незнаете“, само ние знаеме... Колку глупав муабет тоа само оние привилегираните да знаат, знаат.

Далеку од тоа дека „ние све знаеме“, ние сме само за нијанса поискусни пошто сме го осетиле/осеќаме на грб.

Ако знаеш барем малку нема да го постираш:

Без „привилегиите“ денот изгледа вака:



^ Тоа зависи од работното место, не од тоа колку и дали имаш деца.
А и треба од старт да се разграничи што се подразбира под „приволегија“.



И не се плашете. Се гледаат 3 деца и фамилија и бензинец со помалку од колку што си замислувате. Се кратат некои привилегии кои сум/сме ги имале претходно, ама ништо нема да ја замени детската насмевка.

Едит: почнав да пишувам ама гледам пак си ме цитирал:
Па да се дополнам.

Привилегија: Порано 3-4 пати во неделата одевме во кафиќ, 2 пати во кафана. Онака, шема, кај беше актуелно таму.
Сега:           Сега преку неделата не одиме на кафе и во кафана. Може инцидентно да отидам јас или жена ми со друштво. Затоа секој ден шетаме низ парк со децата. Еднаш до два пати (за викенд) седнуваме на кафе или кафанка.

Привилегија: Неограничен интернет и највисока претплата + HBO на Т.
Сега:            Немаме потреба од неограничен, ни HBO, немаме кога да го дотрошиме интернетот ниту да гледаме HBO. Секоја вечер гледаме филмче или серија спуштена од интернет пошто децата заспиваат во 20:00.

Привилегија: Еднаш - двапати во месецот Охрид, Маврово или низ Македонијата.
Сега:            Охрид кога ќе затопли на 2 месеци или месец и пол.

Привилегија: Смартфон на 6 месеци.
Сега:            Смартфон на 2 години.

Привилегија: Фармерки Левис Твистед или Плејлајф, Најк блузон, дрес од Шекил О’нил, патики од 130еур ...
Сега:            Фармерки од прилепските или на попуст, патики има и за ца.50еур, блузонче регулар, маички од Певекс, но Марко (првиот) за свои 4 години има 15 пара патики, а на тројцата не им ускратено ништо од гардероба

Привилегија: пршута златиборац, незнам каков кашкавал и балила тестенини
Сега:           чат-пат тоа горе, а многу повеќе овошје и зеленчук

Вака можам до недоглед. Не е се во парите. Има нешто и во меѓусебното разбирање. Јас со жена ми сме заедно 15 години. Не сме затуцани, пола свет го имаме прошетано, од Америка, преку Украина, Полска, Франција, ЕУ. па натака до Јапонија. Имаме скромно станче, но полно со љубов. Имаме кола, а па ни таа не е за жалење. Не си го ускратив озвучењето ниту фолиите. И друго не би си ускратил ама тоа кога ќе стигне втората кола.


Јас имам 33 години и свесно сум се откажал од „привилегиите“ погоре. Свесно затоа што сакам со моите деца да бидам другар, не да им бидам чичко. Сакам на матура да се глупирам со нив. Кога ќе ги мажам/женам сакам на тапан да се качам, како што се качив на мојата свадба. Сакам они да шутираат фудбал а јас да бранам. Да играме баскет заедно а не да се жалам дека ме боли глава и кичма.

^ Овие привилегии нема да ги сменам за ништо во животот, ниту патика, ни кафана, ниту екстра јадење гиро во Грчка, ниту коил-овери.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #1546 на: 29 Мај 2013, 15:53:33 pm »

Привилегија: Порано 3-4 пати во неделата одевме во кафиќ, 2 пати во кафана. Онака, шема, кај беше актуелно таму.
Сега:           Сега преку неделата не одиме на кафе и во кафана. Може инцидентно да отидам јас или жена ми со друштво. Затоа секој ден шетаме низ парк со децата. Еднаш до два пати (за викенд) седнуваме на кафе или кафанка.

Привилегија: Еднаш - двапати во месецот Охрид, Маврово или низ Македонијата.
Сега:            Охрид кога ќе затопли на 2 месеци или месец и пол.


Не е се во парите. Има нешто и во меѓусебното разбирање. Јас со жена ми сме заедно 15 години. Не сме затуцани, пола свет го имаме прошетано, од Америка, преку Украина, Полска, Франција, ЕУ. па натака до Јапонија. Имаме скромно станче, но полно со љубов. Имаме кола, а па ни таа не е за жалење. Не си го ускратив озвучењето ниту фолиите. И друго не би си ускратил ама тоа кога ќе стигне втората кола.
Бирај...

А за 2 месеца одмор, немам коментар понатамошен. Ниту ќе имам. Ова е веќе некултурно да се зборува. Подиректна врска со работното место од овој коментар не постои на белиов свет. А јас сум коментирал за куча-посо на тема работа. Ти се молам.

Точно дека не е се во парите. Освен ако ги немаш.

П.С. 33 години, а рачунај да имаш 20...

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #1547 на: 29 Мај 2013, 15:55:49 pm »
^ Појасни не те разбирам.

Си го болдирал дека не сме затуцани.

Пари ако немаш, нема ни кола да возиш, ни сметки да плаќаш, ни кафе да пиеш 5 пати неделно.

Не те разбирам.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #1548 на: 29 Мај 2013, 16:22:51 pm »
15:30-17:05

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #1549 на: 29 Мај 2013, 16:27:18 pm »
На пример?

Да си живееш со твоите и да си прибереш жена, и да си имате и дете по некое во станот. Тоа мора да е една од привилегиите.

Или да се опрчуваш за кирија секој месец, згора на трошковите за децата?

Или зборуваш комплетно да ти е решено имотното прашање со 3 стана, од кои во едниот живеете, а два стаан и еден деловен простор издавате, па децата да трчаат по „имањето“?

Или за стан во изградба во кој се влечеш 5 години да го опремиш со плочки во WC и Кујна, а за паркет ќе правиме муабет после тие 5 години кога децата ќе тргнат во школо?

За кој вид на привилегии зборуваш поточно?

Најголемо богатство на светот е тоа на кое што можеш неограничено да му се радуваш.........децата ! Упорно го тупиш со материјалното, кое за тебе е изгледа единствен репер за убаво и добро живеење!


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #1550 на: 29 Мај 2013, 16:30:36 pm »
Цела Шутка те поддржува.

Лесно е да судиш ако матерјалното и финансиското прашање се решени. Само така може да уживаш во жената и децата, а не да се расправаш на секое поле, заради нервозата која потекнува од несреденото матерјално и финансиско прашање.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #1551 на: 29 Мај 2013, 16:39:12 pm »
Цела Шутка те поддржува.

Дени, седи сеа не збори што не знаеш. Знам дека звучи како клише, ама без да ја осетиш не можеш да ја знаеш најголемата промена која настанува кај секој човек во онаа милисекунда кога прв пат ќе го слушне плачот на своето дете, а та промена гласи: за тебе, ТИ самиот повеќе НЕ СИ најважниот. Спаѓаш на високото второ место. Тоа е прилично трансцедентално искуство.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #1552 на: 29 Мај 2013, 16:43:19 pm »
Цела Шутка те поддржува.

Дени, седи сеа не збори што не знаеш. Знам дека звучи како клише, ама без да ја осетиш не можеш да ја знаеш најголемата промена која настанува кај секој човек во онаа милисекунда кога прв пат ќе го слушне плачот на своето дете, а та промена гласи: за тебе, ТИ самиот повеќе НЕ СИ најважниот. Спаѓаш на високото второ место. Тоа е прилично трансцедентално искуство.
Драго ми е што си признаваш. :)

А упорно ги избегавате бтните работи, а? Хееееееееее марифетџии све собрани.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3035
  • Слобода или смрт
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #1553 на: 29 Мај 2013, 16:43:56 pm »
Јас само да се надоврзам со една вистинска приказна

На времето брат на дедо ми се преселува во белград и се жени со србинка. Имале само едно дете и она останала бремена со второ ама тајно абортирала скришум дури во друг град за се што имале (а имале прилично многу од огромна куќа во белград, многу земја во едно српско село али премногу над 70 хектари плус на сето тоа и вила во црна гора) да остане на ова дете што веќе го имала. И така се случува несреќа и прво умира она а потоа и детето на негови 16 години го прегазуваат и дедо ми останува сосема сам. И никогаш не и прости што го абортирала бебето. Имаше многу богаство а 17 години живееше во белград сосема сам единствено што ние одевме 10 дена на лето и тоа му беше се сето останато време го минуваше сам во огромна куќа а на вилата никогаш повеќе по несреќата не беше ни заминал
И сеуште памтам она што го зборуваше дека неговиот татко бил богат со 6 деца иако некогаш немале за леб ама ете сите од децата си го нашле нивниот пат и станале луѓе а тој бил сиромашен на сето тоа богаство и стварно беше замисли си 17 години да живееш сосема сам без никој.

п.с. и моите мислиле да останат со едно дете ама откако се случила несреќата таму веднаш експресно сум се родил јас после година ипол :D затоа сме и поголема разлика со брат ми од вообичаено во години

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #1554 на: 29 Мај 2013, 16:47:13 pm »
Очигледно имал услови и возраст за повеќе од едно дете.

П.С. Плачот не е ист со 2х1000еур плата и 13.000 плата.

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3466
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #1555 на: 29 Мај 2013, 16:50:05 pm »
А сега вилата во Белград на кого остана?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #1556 на: 29 Мај 2013, 16:50:38 pm »
А сега вилата во Белград на кого остана?
Ете кој правилно размислува...

Од нигде никаде куќиче, викендиче, паричка. Ѓоа денационализација да си ќарил :) Наредена работата. Па после штампај деца.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #1557 на: 29 Мај 2013, 16:54:17 pm »
А сега вилата во Белград на кого остана?
Ете кој правилно размислува...

Од нигде никаде куќиче, викендиче, паричка. Ѓоа денационализација да си ќарил :) Наредена работата. Па после штампај деца.

ах дени... ај, ќе праиме муабет за едно 5-10 години од сеа, да сме здрави и живи :-)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #1558 на: 29 Мај 2013, 16:56:02 pm »
Здравје до тогаш можеби ќе ми биде готов станот, па откога ќе имам каде да си го сместам семејството, другачие ќе размислувам. :)

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3035
  • Слобода или смрт
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #1559 на: 29 Мај 2013, 16:56:57 pm »
А сега вилата во Белград на кого остана?

На мајка ми и вујко ми (дедо ми нејќеше ни да слушне за останатите роднини и никогаш не комуницираше со никој друг освен со нас) но биди сигурен дека во секој миг би се откажале од тие пари ако тоа го смени текот на настаните.