Значи дружење со луѓе од твојот град никако! Оти ќе те сметаат за сељак другите! Е тука е проблемот што се жалат после Скопјани дека Скопје е пренатрупано, те едно те друго. Ќе дојде студент во Скопје, ќе го мавне филм еј во Ск живеам, испаѓање, дружење со сите, кој ги ебава сограѓаните сељаци се - јас сум најдобар итн итн итн... И после ? После кога ќе се вратиш во твојот град? Сите викаат не се враќам, ама од 50.000 студенти, во Скопје може 10.000 ќе останат, 10.000 ќе емигрираат, и другите 30.000 ќе се вратат во своите градови. И кога тие студенти ќе се вратат во своите градови одма не им чини градот, платите се мали, досадно е, нема места за испаѓање, не им се работат секакви работи без никој од нив да се потруди да смени нешто. Таква држава со таков народ не бива. Без навреда Мартин, ова е само генерализирање на тоа што се случува со студентите кој живеат надвор од реалноста.