Спортекс, до толку бе човек да не разбираат? Не ми се верува просто, џабе дипломите што ги добиваат!
Јес да пред некој ден учев некого основни операции во ексел(наводно заборавила, никогаш не ни знаела би додал јас), ама барем нема универзитетска диплома за комарци тепање.
Верувај дека ми идеше да им ги побарам дипломите на увид на неколкумина! Да завршиле факс на некој од приватниве со парички без учење ќе речам ајде, колку да има диплома, ама на УКИМ учев и јас, газот ми излезе од учење, не дека бев професионалец кога излегов од школо, ама за овие што поминаа кај мене на проба бев Ајнштајн !
Не знам што учат на факултет по информатика, Фејсбук, Скајп, Мозила Фаерфокс

? Ексел да не знаеш една табела да составиш од 5 реда и 3 колони, со проста форумула за збир, навистина ми е нејасно тоа? Mic. Outlook не знаат да отворат да си видат емаил а пак да не зборувам да си сетираат акаунт!! Страшно! После кога ни викаат странците дека сме немале доволно квалификуван кадар, ние у гради се мваме и викаме гледај ги глупациве, они нас ќе ни кажуваат!
Имав шанса два пати да се уверам во ова во последниве година дена, не дека сите се такви, нормлано дека има деца топ спремни, но кога од сите кандидати 95% врска немаат од некои работи кои денес малте не се сметаат за обавезни ако сакаш да се вработиш, заклучокот сам се наметнува!