Мартин, ако веќе цврсто си решил да бегаш, бегај, но знај едно!
Како што ти кажаа, парите ни таму не паѓаат од небо, сака работа а пред се ако сакаш добро да заработуваш а да не чистиш клозети или работиш амал во градежна фирма, вложи колку што можеш повеќе во најсигурната инвестиција во ова време, во самиот себеси!
Јас не знам какви и што квалификации имаш но верувај дека секое знаење ќе ти биде добродојдено!
Не во смисол на размафтани дипломи како пеперутки, колку да ги имаш (а не знаеш скоро ништо од областа на која си дипломирал или земал некаква диплома), туку во смисол на кавлификувано знаење кое во секој момент можеш да го покажеш и со него да настапиш!
Ќе ти кажам пример зошто?
До пред некое време барав замена за една работничка, основни квалификации англиски и компјутери, познавање на сметководство и финансии е добродојдено.
Еден куп кандидати претерав, секој прво што иде кажува шо има завршено, така сме ние тука навикнати, еден вистинит пример од многуте, најрадикален "Имам два факултета, право и економија и на постдипломски сум на УКИМ на економија, англиски знам, комјутери да не стане збор".
Му даваш две фактури на англиски пратени преку емаил, да знае да отвори емаил, фактурите да си ги симне, да ги испринта и да објасни за што и како се, абер нема те гледа како теле!
Ете ти и постипломски и економија и не знам што!
Кога ќе ги прашав а што знаеш да работиш?.... Сите го повторуваа она, ама јас имам завршено факултет !
Се убаво ама врска немаш, не знаеш емалот да си го отвориш, англиски си дрво, а и не знаеш што е тоа фактура, како си дипломирал на економија јас навистина не знам ?
Има и такви дипломци и тоа колку сакаш!
Што ми е поентата ? Во странство никој нема да те праша што имаш завршено, туку што знаеш да работиш или какво искуство имаш во која област?