Автор Тема: Забави...... не трчај низ животот...  (Прочитано 182143 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #1305 на: 26 Мај 2013, 22:55:10 pm »
Нека биде така Фаланга, нека помине време. Тврдоглаво дете сум, убеден дека мојата иднина и животот што го сакам не можам да ги остварам овде, па макар и да лижам газ на функционери и да се преправам дека ми се битни во животот.

И од лошото има полошо... Да не заборавиш.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #1306 на: 26 Мај 2013, 22:58:38 pm »
И од лошото има полошо... Да не заборавиш.

Убаво кажано. :)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #1307 на: 26 Мај 2013, 22:58:45 pm »
Многу точно е тоа дека никој нема да ти рече „ајт пакуј и носи се у пи.. уствари странство“.
Сестра ми беше 2 пати во САД, првиот пат на трајал Work and travel, вториот пат исто на таа програма со намера да остане. Моите ЈА НАТЕРАА со цел памет да се врати за да положи уште еден предмет и да го заврши факултетот.
Ги послуша, го заврши факултетот и еве ја - скапува дома, врши превод за стоки од луѓе што не сакаат ни осигурување да и платат.

Мартин учи на туѓи грешки, затоа што учењето на туѓи грешки е најмалку штетно по мене. Ќе ги намолам да соберат пари и да ме пратат и мене. Ќе се снајдам, глуп не сум. Не сум ни паметен, ама не сум глуп. Ќе работам по 15 саати на ден ама ќе го живеам животот што моите не биле во можност да ми го обезбедат.

Нека биде така Фаланга, нека помине време. Тврдоглаво дете сум, убеден дека мојата иднина и животот што го сакам не можам да ги остварам овде, па макар и да лижам газ на функционери и да се преправам дека ми се битни во животот.

и памет у глава... немој случајно алфа да си купил таму... скапо е поправањето на возила во сад...

п.с. има јас уште 5 години виза за сад, ама не идам.. чик погоди зашто? ке ти кажам на следен собир, несакам јавно... бев видов и се вратив....
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #1308 на: 26 Мај 2013, 23:01:16 pm »
И од лошото има полошо... Да не заборавиш.

Убаво кажано. :)
Затоа немој да одиш во Руанда.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #1309 на: 27 Мај 2013, 08:21:11 am »
Ќе работам по 15 саати на ден ама ќе го живеам животот што моите не биле во можност да ми го обезбедат.

Со работа од 15 саати на ден ќе си го обезбедиш она што твоите не биле во можност да ти го обезбедат???
Мислам дека многу многу се лажеш...
Паметно е да размислуваш во насока која ти ја посочија некој членови, на пример диносаурус, за школото и квалификациите...
Инаку после 15 часовна работа не верувам дека ке бидеш способен да спиеш, а камо ли нешто друго да правиш...Не сега дека се правам многу паметен, но немој да мислиш дека таму од небо паѓаат пари и дека се живее како на холивудски филм...
Филмот е имагинарна реалност за она кое сакаме да го имаме, а го немаме...Тоа е Холивуд...
Никогаш овој живот овде, оваа слобода овде и овакво да не речам дрвење к*р нема да најдеш у странство...
;)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2615
  • Custom made interiors
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #1310 на: 27 Мај 2013, 08:24:40 am »
Ќе работам по 15 саати на ден ама ќе го живеам животот што моите не биле во можност да ми го обезбедат.

Со работа од 15 саати на ден ќе си го обезбедиш она што твоите не биле во можност да ти го обезбедат???
Мислам дека многу многу се лажеш...
Паметно е да размислуваш во насока која ти ја посочија некој членови, на пример диносаурус, за школото и квалификациите...
Инаку после 15 часовна работа не верувам дека ке бидеш способен да спиеш, а камо ли нешто друго да правиш...Не сега дека се правам многу паметен, но немој да мислиш дека таму од небо паѓаат пари и дека се живее како на холивудски филм...
Филмот е имагинарна реалност за она кое сакаме да го имаме, а го немаме...Тоа е Холивуд...
Никогаш овој живот овде, оваа слобода овде и овакво да не речам дрвење к*р нема да најдеш у странство...
;)


И тоа со безпари, а замисли да имаме пари!  ;D

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #1311 на: 27 Мај 2013, 08:43:36 am »
Со работа од 15 сати, дури обезбедиш се што твоите не можеле да обезбедат, ќе ти помине најубавиот дел од животот, а тоа не се враќа....
Не знам дали сум ја напишал овде една вистинска случка.Мајка ми, се оперираше од рак на матка.После тоа мораше да оди на зрачење.Таму среќава еден Торбеш,50 годишен(со никаква конотација),кој знае дека за 2 месеци ќе отиде..Седеќи така и чекаќи за зрачење и се исповеда на мајка ми.Цел живот од сабајле до навечер ринтав ко коњ, ништо не видов од животов,направив многу пари а сега други ќе уживаат во нив...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #1312 на: 27 Мај 2013, 09:08:47 am »
Некој мора да изринта... Затоа фамилиите во странство живеат убаво. Првиот што отишол изринтал, и навлегол во системот. После следи само уживање за него на стари години, а за поколенијата цел живот.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #1313 на: 27 Мај 2013, 09:38:52 am »
Мартин, јас работев по 12 саати секој ден (освен недела) од 2000-та година од прилика јуни месец па се до август 2005-та. Собрав пари еден куп, купив кола, направив веце и ходник комплет со мермер, плочки, сменив прозори и ролетни, и платив на сестра ми прва и втора година факултет партиципација.

Парите ги потрошив и останав со спомените за добрите дела и толку. Пари пак немав, косата ми падна, очите ми попуштија, пријателите ги загубив и станав асоцијален тип. Станав нервозен и агресивен, нетрпелив и сфатив дека работењето повеќе од 9 часа на ден е нешто најлошо што може да ти се случи. Подобро работи 8 саати и немај пари отколку да работиш 15 и да имаш пари кои друг ќе ти ги троши и ќе се офајди од нив.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #1314 на: 27 Мај 2013, 09:45:08 am »
^^
Точно, прашајте ме мене дали ми се работи или од Х причини одам на работа. Наместо на овие години да гледам факс, викенди излагање, ја се расправам на работа со пациенти со тешка дијагноза кој секојдневно те вадат од такт кога навечер во 22:58 ке ти речат: ''Зошто затвораш сеа, па нема 11 саат уште'', притоа седеле цел божи ден, од сабајле таму од пладне, па се до затворање и те умарале цела смена со уплакање.

2 години не сум видел слободен викенд, еден ебен ден го имам како слободен и тоа од понеделник до петок. Али тоа е, пред 2 години сакав нејкев морав да работам, а имав само 19 години, а до кога ке работам вака, незнам, само знам најубавите години ги поминувам со клошари во кладилница.

Уживајте во животот, мартин, не се летај уште на 20 години да мислиш на работа ;)

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #1315 на: 27 Мај 2013, 09:52:33 am »
Мартин, ако веќе цврсто си решил да бегаш, бегај, но знај едно!
Како што ти кажаа, парите ни таму не паѓаат од небо, сака работа а пред се ако сакаш добро да заработуваш а да не чистиш клозети или работиш амал во градежна фирма, вложи колку што можеш повеќе во најсигурната инвестиција во ова време, во самиот себеси!
Јас не знам какви и што квалификации имаш но верувај дека секое знаење ќе ти биде добродојдено!
Не во смисол на размафтани дипломи како пеперутки, колку да ги имаш (а не знаеш скоро ништо од областа на која си дипломирал или земал некаква диплома), туку во смисол на кавлификувано знаење кое во секој момент можеш да го покажеш и со него да настапиш!

Ќе ти кажам пример зошто?

До пред некое време барав замена за една работничка, основни квалификации англиски и компјутери, познавање на сметководство и финансии е добродојдено.

Еден куп кандидати претерав, секој прво што иде кажува шо има завршено, така сме ние тука навикнати, еден вистинит пример од многуте, најрадикален  "Имам два факултета, право и економија и на постдипломски сум на УКИМ на економија, англиски знам, комјутери да не стане збор".

Му даваш две фактури на англиски пратени преку емаил, да знае да отвори емаил, фактурите да си ги симне, да ги испринта и да објасни за што и како се, абер нема те гледа како теле!

Ете ти и постипломски и економија и не знам што!

Кога ќе ги прашав а што знаеш да работиш?.... Сите го повторуваа она, ама јас имам завршено факултет !

Се убаво ама врска немаш, не знаеш емалот да си го отвориш, англиски си дрво, а и не знаеш што е тоа фактура, како си дипломирал на економија јас навистина не знам ?

Има и такви дипломци и тоа колку сакаш!

Што ми е поентата ? Во странство никој нема да те праша што имаш завршено, туку што знаеш да работиш или какво искуство имаш во која област?


Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #1316 на: 27 Мај 2013, 09:56:15 am »
Јас го подржувам Мартин во идеата и намерата. Но ако може во струката да почне да работи во Канада, Америка или каде и да сака да се проба.

И за мене најбитното, не да оди да поработи 5-10 или 15 години па да се врати, него таму да си работи и таму да остане.

И што помалце дружење со македонци во дијаспората, колку и да е тешко. Што повеќе пријатели/познаници имаш од домашно население, тоа подобро ќе се уклопиш и помалце ќе те пука носталгија и повеќе ќе го осетиш нивниот живот. Не гетоизиран со наши или сеедно срби, хрвати или бугари.

За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #1317 на: 27 Мај 2013, 09:57:44 am »
+1

Јас Бубе 17 год. го молам истото!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #1318 на: 27 Мај 2013, 10:04:39 am »
И да знаете дека во странство странци вработуваат за да ги плаќаат помалку од локалците. Зошто би вработувале странци ако треба да ги платат исто како и локалците?
Не знам кој пред кратко време спомна дека во Словенија давала 1500-2000 евра плата. Не е точно. ВО Словенија просечна плата е 800 евра за локалци што значи дека гастербајтер над 500 евра платанема да земе па ако сака и десетнаесе саати нека работи.

СУм бил, сум видел, затоа ви кажувам.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #1319 на: 27 Мај 2013, 10:06:56 am »
Точно, но не баш потполно точно!

Доколку имаш квалификации кои се бараат можеш многу солидно да заработиш и ако со време се докажеш можеш да заработуваш повеќе и од локалците!

Токму затоа го пишав она погоре, го избегнуваш моментот на типичен гастрбајтер уште на старт. Јес да можеби нема да бидеш платен колку и некој локалец со истите квалификации но ќе бидеш добро платен а со време можеш и да го поминеш ако се докажеш!?