ПИСМО ДО СИТЕ ВЛАДИ ОД 2004-ТА ДОСЕГА
Лебедовата песна на стружани
Зошто сте неми посматрачи на интензивната албанизација на торбешките села од страна на криминални групи инфилтрирани од албанските политички партии? Има ли државна стратегија за зачувување на територијалниот интегритет, кој очигледно ни е загрозен?!
Почитувани екселенции,
Примете го ова писмо како природна рефлексна реакција на жителите на Струга по третиот „пад“ на градот во рацете на оние на кои по ниедна основа не им припаѓа. Нашата огорченост е дотолку поголема колку и желбата да го реституираме градот, која интензивно ни ја зголемувавте пред самите избори со цврсти уверувања дека процесот е започнат, а наше ќе биде само да си ја сработиме масовната излезност. Се надевавте ли на индиферентен однос од наша страна, па неуспехот да ни го „натоварите“ нам? Ќе речевте ли во ваш стил „ете направивме сè“, ама стружани не излегоа на гласање? Е па почитувани сте се излажале! Ако од нас побаравте 14.000 гласа, добивте и повеќе! Со денови трагавме и талкавме од дом во дом, извадивме и старо и младо и слепо и хендикепирано! Знаете ли што видовме?! Ја видовме Струга што Вие никогаш не сте ја виделе. Ги видовме безработните, кои иако на работ на егзистенцијата, први ја реализираа граѓанската должност заборавајќи на структурите за кои катадневно ломотат дека им ги оставиле децата без леб! Ги видовме вообразените и арогантни партиски активисти што безрезервно го поддржаа кандидатот од „другата страна“, кој обично го плукаат и го кудат! Ги сретнавме пензионерите и изнемоштените, кои ја облекоа најубавата облека и со светнати погледи тргнаа да ја обезбедат иднината на своите внуци! А што добија?!
Ве прашуваме едно, функционираат ли сè уште вашите структури за анализи и систематизација на податоци врз кои ги лансирате вашите хипотези за конечните резултати? Можно ли е да се направи толкав превид во пресметките на успехот? Или упорно нè „тапкавте“ по рамо дека обединувањето е доволно, само да нè пребројувате и анализирате и да бидеме само едни обични нумерички податоци за тргување, анализи и синтези за некои наредни избори, референдуми...
Доста беше!
Стружани не го трпат веќе овој игнорантски однос! Кажете, можете ли да се носите со ситуацијата?! Дали сме „жртвено јагне“ на рамковниот договор? Не Ви веруваме дека правите сè за да бидеме „свои на своето“! Ако е така, зошто Вевчани, кое е во срцето на Струга, го оставивте да биде посебна општина? Сплотете го со градот, исто како што направивте со Зајас во Кичево! Зошто сте неми посматрачи на интензивната албанизација на торбешките села од страна на криминални групи инфилтрирани од албанските политички партии? Има ли државна стратегија за зачувување на територијалниот интегритет, кој очигледно ни е загрозен?! Или просто и едноставно постојат помоќни структури што ви ги контролираат постапките? Ако е така, тогаш бидете доблесни и кажете, искористете ги своите формални и неформални канали за да ја лиферувате вашата немоќ, а не да ни кажувате дека ситуацијата е под контрола и дека одиме на сигурна победа!
Знајте го уште ова. Навистина не нè интересира повеќе кој прв почна! Ако Бранко ја даде Струга, Никола пропушти две можности да ја врати. Ние верувавме и веруваме, но сè има граница!
Нема повеќе вмровци и сдсмовци во Струга! Нема Македонци, Турци, Роми, Власи! Има стружани, кои се дават во смет, кои почитуваат некаков договор, кој другата страна не го почитува!
Ние остануваме овде да живееме, или помогнете ни или застанете настрана, а ние ќе си ги искористиме сите законски инструменти за да покажеме и докажеме дека ова е градот во кој ќе живеат нашите деца и внуци!
Нашата борба започна!
Нека ни е честита!
(Писмо на незадоволни стружани)
Da znete samo sto se slucuva vo Kicevo ...: makedonskiot jarbol simnat, se tepa po ulici, policija si gleda na strana....MAKEDONIJA SO DELA SE SAKA!
http://republika.mk/?p=43956