Има „патриоти“ и патриоти.
За мене не се патриоти тие што слепо бранат нешто, колку и да е тоа погрешно или не. За мене не се патриоти оние кои слепо ќе обвинуваат се што некој друг ќе им каже да обвинат. За мене патриотизам не е некритикување на својата држава, власт и националност. Не ми се гади од патриоти, ми се гади од „патриоти“.
Баш напротив, вистинскиот патриот ги согледува негативностите во својата држава, во својата националност и особено во својата власт, и се стреми да ги подобри или да ги смени. Впрочем, искрено верувам во ова - „A patriot must always be ready to defend his country against his government.“ - Edward Abbey.
Во ниеден момент не спомнав ниту една партија, пошто овој муабет го надминува партискиот муабет. Тоа што во Македонија партискиот муабет го прават и 6-7 годишни дечиња, тоа ме плаши. Ама онака, длабоко до срж ме плаши. Исто како што ме плаши екстремниот национализам (за кој сме експерти) и спремноста да се мисли, но и да се брани ставот дека ние не сме криви за ништо.