Се утепав од барање на предни и задни дискови за тројката, заедно со предни плочки за кочење.
Не е дека неможе да се најде, но се што добив во понуда или беа кинеските ITN или пак Brembo... а со Brembo само лошо искуство овде во Македонија, а да не зборам дека и цените им се како за оригинал.
Успеав да стапам во контакт со добавувач на делови надвор од државата, така да наредна недела околу средина на неделата очекувам да стасаат Ate Power предни дискови 280мм x 22мм со керамички плочки за напред и Ate задни дискови 226мм x 10мм. Повеќе инфо за дисковите има овде
http://www.ate-brakes.com/products/disc-brakes/ate-powerdisc/Амортизерите утре ќе бидат овде, па би требало Сабота да се симне старата траверзна напред, да се стави новата со нови вилушки, чаури, амортизери, буфери. Да се средат шепите и да се чека на дискови, но и моторот полека да се планира да се намести у кола.