Оигледно не си внесен доволно во 'тјунингов'. Мапирањава (чиповите) што ти, Ване и другиве тјунери што ги спомнуваат (снимаат, мапираат) немат ништо слично со standalone ECU. Тоа ти е како да споредуваш едрилица со миг-29. Да нешто поместиш, "подмачкаш" во мапата е ПИЧКИН дим, ама за наша несреќа, овде ни тоа не знаат да го направат. А што се треба да се подеси за да дојдеш до ситуација кога треба да ја испеглаш мапата, ќе ти копирам одговор што му го имам дадено на еден наш колега.
Standalone е нешто што се програмира комплетно од НУЛА, сите можни вредности што можеш да ги помислиш дека постојат за работа на еден мотор, тука треба индивидуално да ги внесам за секој проект посебно. Почнувајќи од начинот на читање на положбата на моторот (шајбната на радаилица со позицијата на сензорот за радилица во односот на ГМТ), главниот коефициент на дизни, колку тактен е моторот, бројот на прскања на дизните во 1 циклус, бројот на дизни (цилиндри), корекции во зависност од напонот (волтажата) во колата, количина на гориво при верглање, начин на верглање и агол на палење на верглање, количество на гориво при верглање во зависност од температура на моторот, дополнително количество на гориво додека моторот постигне 70c, лимитиери на притисок, вртежи, времетраење на искра при верглање. времетраење на искра при возење, веријабли при зголемена температура на усис, зголемена температура на вода... па тек после све ова (а и повеќе) подесувања, може да одиме на ебаното мапирање....

еве видео и од моторот кој долго време се спремаше, а не го набројав во проектите. Во друга кола е веќе наместен.