Како што е ред да го претставам ијас моето прво лично (и персонално
) возилце..
Bmw 528i E39 2000 година, мотор со два ваноси и поминати околу 280.000км.. Одлично е сочувано што стварно ме изненади, каросериски не е чукано не е префарбувано и нема никаде корозија едино ситни гребнатинки кои верувам дека повеќето со полирање ќе излезат.. Пред 4 месеци има монтирано плин (некој си итаљански) така да потрошувачката е смешна за вакво возило, прво пали на бензин па потоа на одреден обртај си превртува на плин.. Отворено со 500 денари врвам околу 210км со нормална вожња, додека низ град со 500 околу 150 километри (со клима)..
Кожни спортски седишта со греачи
Спортско М подвозје
Ентериер М
Трокрак волан подеслив по височина и длабочина
Климатроник
Сончев кров
Алу бандажи (ваљда фабричкисе) со нови 235/40/18ки гуми
Борд компјутер
Електрика на сите стакла
Електрика и греачи на ретровизори
Фабрички паркинг сензори
Ксенон светла
Значи бмвто сега за сега ми е топ, премногу тивко (во потивка кола се немам возено) удобно и стабилно..
Во иднина планирам да му сменам некои полични фарови, да се затемни со некоја посветла фолија, некое минијатурно спољерче на гепекот и некое оргинално радио со навигација пошто вака со тоа адаптерот не ми е нај нај... А деновиве и ќе се полира целосно..
Едина мана е што задницата е малку пониска од предницата, некои викаат дека такво било спортското подвозје али појма немам..
Еве и некоја слика..
И за крај едно видео забрзување од 0-100..