Ништо од ова не е точно во пракса. Исправен мотор со карбуратор ниту дупло троши ниту замарање е трипати повеќе.
За сервисирање ти е потребно испод основно познавање од механика ,еден штрафцигер 2-3 дизни еден штраф и една иглица е целата наука. Не е двогрли Вебер работата или штелање на 4 заедно да работат.
Еднаш го местиш и то е. Once in a blue moon ако се деси да го раставиш исчистиш и склопиш ќе те фати не повеќе од 15 минути, макар и на сред пат некаде да е. И да го фрлиш вѓубре 800-2000 денари ти е нов од продавница.
Глупост е на фен од 50-150 кубици да му ставиш Efi од кое имаш 0 придобивки во преформанс и потрошувачка, а кога ќе се деси да закашла моторот, место ова погоре имаш: расипан Сензор за температура, расипан Ламбда сензор, дефект Еку, дефект сензор за гас, дефек дизна. итн.
Сето ова прво за дијагноза е хорор, второ сите овие коштаат грди пари за поправка.
Сите 4т 50цц се мртви лабуди, ама за да промрда нормално во сообраќај китот од 80цц кошта 2000 денари, другото останува исто на моторот, евентуално дизна од 200 денари број поголема.
50цц со ефи, еку, мало морген дека ќе мениш нешто вака без проблеми на секој нареден ќош
Цела оваа непотребна технологија кошта повеќе од пола од цената на моторот.