Поздрав, моментално сум во процес на купување мотор, само уште немам испланирано каде би го чувал преку зима. Живеам во зграда и немам гаража, а не би го оставил на отворено никако. Некој да даде идеја?
И јас го имам истиот проблем, и тоа ми беше изговорот заради кој не купив мотор. Не биди како мене, остарев веќе.
Другар го имаше истиот проблем и со реши со паркирање во гаража во која живее трет другар. Му направија дупликат клуч, не му ни треба паркинг место, во ќош се паркира.
А како опција е да изнајмиш паркинг место во некоја околна зграда, сигурно за 1000че месечно не најдеш нешто. Ако се сака, ке се најде.