Вчера ја реализиравме завчерашната идеа на братот
@MAPJAH .
Извозевме фина рута, 95% од патот добар асфалт, освен малиот дел низ Јасен нормално.
Убава чиста и мирна природа, убава рута за лабаво релакс возење.
Убаво време, освен делот оморани-велес-скопје, тогаш веќе фати јака жештина.
Скопје Илинден - Козјак - преку Јасен - Белица - Мак Брод - Ропотово - Црнилиште - Богомила - Оморани - Велес - Скопје.
10:00 Скопје - назад во Скопје 19:00
Мини пауза, козјак Близанско
Пиво пауза на Треска, Белица
Кафе пауза Медио петрол- Ропотово
Ручек Оморани
2 х Јамаха МТ07
Јас поминав 300км, на пумпа просек 4.05л/100км.
Ние- презадоволни.