На капачето мислев, да. Многу е меко, некако немам доверба дека тој дел би заштитил при удар недај боже.
За тунели, подвожњаци и сенки веројатно ќе е исто ко со затемнет визир, то би го прифатил -- секако и сега така возам преку ден.
Ова со светлата теоретски мојт да е проблем, наводно на визирот му требит околу минутка за да ојт од целосно прозирен до целосно затемнет, шо значит сигурно ќе добијам реакција освен ако не е ептен кратко разминувањето.
То шо исто ме замисли е то шо читам рецензии дека е со рок на траење, i.e. после година и пол до две знајт да заглавит и да не реагират. Не знам дали сум расположен да платам 200 евра за кажи-речи потрошна роба. Од друга страна, кацигата веќе ми е година дена и 10тина илјади километри стара, за две години од сега сигурно ќе и е време за промена.